Tuesday, 12 December 2017

Битка за тронот

Во македонската опозиција , полека но сигурно допрва ќе гори и ќе се дели.
Тоа ќе биде еден доста интересен период на внатрешна битка на разни фракции, кои сега се појавуваат и бараат промени, а поголемиот дел од нив (не сите) беа до вчера заедно.

Она што е забележително кај сите кандидати за лидер на опозицијата , е тоа што ниту еден од нив не си останал доследен на своите политички ставови во текот на целата политичка кариера, поголемиот дел лижеа таму кај што плукаа, дел мораа да плукнат таму каде што им лежи срцетот, а трети пак немаат ни допирни точки со самата идеологија преку која треба да дојдат до тронот.

Самиот опозициски трон е почеток од патот да се превземе државниот трон, посебно кога имаме Влада која на жал наместо да се фокусира на проблемите на државата, тие се фокусирани како да го наполнат својот џеб.

Битката која ќе почне во опозицијата и ќе биде доста долга и со доста поделби, поделби кои тлeат во ткивото нејзино со години, ќе биде доста интересно кој ќе се појави и со какви лидерски карактерстики на нејзино чело, со што ќе го запознаеме противникот на шарениот криминал.

Пред се како лидер на опозицијата а подоцна и на нацијата ќе треба човек кој нема да ги издава своите стаови, кој нема да попушта на сеператситите и локалните екстремисти, кој ќе ги скине прангите на робството во кое се наоѓа Македонија (духовно преку медиумите) и ќе спроведува политики кои се во корист на државата, свесно жртвувајќи го својот рејтинг за доборобит на нацијата и државата.
Во потенцијалните кандидати за таков лидер не може да пронајдам, но сепак нека биде за државно добро да се лажам самиот себе.

На Македонија и треба силна опозиција која ќе се постави против досегашниот тренд од над 15 години на политички предастава на државата, на попуштање, на очајно здраство, на катастрофална економија, крај на гладот и сиромаштијата која го држи народот во робство (од политичарите) и конечно ќе го ослободи народот од оковите на менталните стеги и ќе влезе со златни букви во македонската историја.

No comments:

Post a Comment