Monday, 3 July 2017

ВМРО СДРМА

Единствен легитимен наследник на ВМРО - ВМРО СДРМА (Самостојна Демократска Република Македонија под Протекторат на Америка), таа е формирана во март 1946. Таа била Mакедоснка конспиративна младинска организација создадена на иницијатива и под водство на Глигор Крстески, со цел да се бори за отцепување на НР Македонија од Југославија, ослободување на неослободените делови и обединување.
До средината 1947 година, организацијата изградила организациска мрежа по систем на тројки, во Прилеп и во Прилепско. Организацијата пред крајот на 1947 година била разоткриена, а водечките личности биле уапсени и биле осудени. После апсењето во 1947 и судењето на дел од водството и основачите на ВМРО СДРМА се носи одлука да се промени додавката СДРМА бидејки СДРМА во себе го содржи збор ПРОТРЕКТОРАТ и заради тој збор комунистичката власт можела да ги прогласува за виновни. Наместо СДРМА на ВМРО му се додава ПРАВДА и името на паријата од 1948/9 е ВМРО ПРАВДА.

Превземено од Свобода или Смърть


No comments:

Post a Comment