Wednesday, 23 October 2024

ИМАГИНАРНА БОРБА

 Денес е денот на македонската револуционерна борба, голем ден, голем празник, па токму на овој ден решив да го напишам и најкритичниот текст од кога постои самиот блог, како што може да пратите веќе повеќе од година дена немам објавено ништо, причината е едноставна, не сакам самиот себеси да се лажам дека сум активен борец и национален револуционер, кога тоа нема да вроди со плод и самата борба не носи плодови кои се реални и опипливи.


Кога започнав со блогот бев единствен од таков вид, сега може да се види дека на социјалните медиуми, пред се на Инстаграм постојат десетици профили кои вложуваат труд за едукација и мотивација за борба, но реално, тоа им вреди 0, борба на социјалните медиуми не е реална туку имагинарна борба, тоа дава лажно чувство дека некој се бори за каузата, но се лаже, вистинската борба се води во реалниот свет, на улица, во организација, инстаграм профилчиња со јаки текстови се контрапродуктивни, да не кажам ја убиваат Македонија, затоа што место борецот да биде на улица, во реалната политичка борба, тој своето време залудно го троши во имагинарниот свет. 


Самиот лично се обидував во повеќе наврати да се формира било каква организација која ќе делува на реален план, но сите обиди беа неуспешни, стравот е преголем, страв од репресија од државните органи, посебно по скандалот со Палчо кој од службите ја играше улогата на лажен краендесничар, иако се знае македонската крајнадесница никогаш не е про Русија туку про Украина засекогаш, потоа стравот од неуспех дека нема народ за ваков потфат, па со самото тоа некако свесно ја предаваме судбината на државата на лицемерите од Левица.


Во Европа, само две држави немаат сериозни крајнодесни организации , едната е Босна и Херцеговина, која имаше таква до пред некоја година во БПНП (Босански Покрет Националног Поноса) и Македонија, можеби и Црна Гора но таму има силен внатрешен конфликт и постојат српски крајнодесни организации, за црногорска не сум сигурен, но имат силен национален фронт што е малтене исто, така да остануваме само ние како држава во која нема крајнодесна организација која се бори за сопствената кауза.


Една Албанија добива сериозна крајнодесна организација, која учествуваше и на самит на над 20 крајнодесни организации во Украина, додека кај нас единствени активни на терен се левичарите, комунистите, и тоа не само преку партијата Левица, туку низ еден куп организации, се борат таму каде што треба, а сами знаеме единствено поголемо зло за Македонија од корумпираните политички елити кои се на власт, е токму комунизмот повторно да ја завладее Македонија, какви и да се, тие се борат и преку Левица и организациите поврзани околу неа, но и во организации кои се против Левица со чиста комунистичка идеологија, без маски како што тоа го прават Че и другарите.


Само вештачки створени нации имаат само левичарски организации и левичарска борба, е тогаш се поставува прашањето дали ние не сме тоа што ни зборат сите комшии или треба да почнеме да се бориме за градење на здрава нација и здрава држава, изговори нема, само колку Македонецот е спремен за крајнодесна борба и кауза е вистинското прашање кое самите луѓе кои припаѓаат на овој политички спектар и луѓе кои ја сакаат сопствената татковина.


Ниту една политичка сцена нема толку едукативни профили, како што ниту една политичка сцена е без крајнодесно делување во овие клучни моменти во Европа како Македонија, затоа сите оние кои имаат огромно влијание во социјалните медиуми треба наместо да водат празни демагогии, да продаваат реквизити (единствено поле каде имаме сериозен напредок), туку да формираат организации и да делуваат со акции низ цела Македонија, тоа е потребно а не празна демагогија.


Токму и затоа блогот не е активен, да не биде дел од морето на профили кои даваат лажна слика за борба, покрај најголемата моја семејна трагедија од пред некој месец која ме срози, покрај борбата која ја водам на еден начин чисто да не е без ич, реалноста е нас ни треба силна организација на силни индивидуи кои ќе се борат заедно за градење на силен колектив кој ќе се бори за идеали, како што прават сите наши противници, освести се Македонче, времето за чекање одамна е изминато.




Sunday, 9 July 2023

Ако опстоиме - ќе постоиме !

МПЦ-ОА како институција која е една од најзначаните за Македонецот конечно после речиси 30 години пасивност во постоењето на македонската држава,  направи потег против естаблишментот за заштита на својот верен народ, излезе против законот за родова еднаквост и матична евиденција кои немаат ништо со нормалното, научното, религиозното.


Самиот протест беше медиумски крајно цензуриран, а самата Влада го почуствува како опасност па на секој начин сакаше да го минира, ЛГБТП организциите оние кои присуствуваа ги нарекоа христо-фашисти (благодариме на комплиментот) навредувајќи ги и покажува кој навистина е опседнат со омраза и нетрпение кон другиот.


Пораките од самиот настан беа преумерени, но тоа е очекувано од институција како црквата, сепак радува бројот на присутни посебно знаејќи колку народ изгубивме последните 10 години, ова дава светлост и надеж, но сепак црквата треба да биде поактивна , со повеќе трибини, повеќе протести и активности, бидејќи другата страна не спие и нема да мирува.


Црквата историски била најзначајна институција во речиси сите историски процеси на Македонецот, нека и овој пат ова активирање на црквата политички меѓу сопствениот народ означува почеток на ново воздигнување на Македонецот, едукативно и културно а најважно од се борбено за Македонија.

 





Saturday, 8 July 2023

Европа (Франција) на крстопат

 Пред точно година дена беше напишан текстот во кој се анализираа резултатите од изборите во Франција како отварање на голема шанса на третиот пат, да ги сузбие крајнаталевица, неолибералите и пред се лажните десничари и нивното постојано менување на власт, со нови опции кои можеби не се идеолошки совршени и чисто крајнодесни и фашистички , но се доволно близку да бидат каква таква реална замена за трулиот систем кој ја доведе Европа на колена.


текстот !


После овој текст таквите промени се случуваат, повторно после 2015 овие политички опции доживуваат процут, нешто што не беше замисливо во Германија е антисистемка партија да победи на избори после 1933, за сега за помалце од недела да се случи да победи во дури веќе два града, победи на "сатанизираната" Алтернатива за Германија (неколку пати сум објаснил дека ниту се фашистичка опција, ниту крајнодесна иако имаат крајнодесно крило во партијата) покажува дека луѓето повеќе немаат страв да се осмелат да одат против естаблишментот, па дури тоа значело да ја носат озаглосената етикета расисти, фашисти и.т.н.


Друго што радува е обединувањето на доста поделената крајнадесница при што неколку помали фракции се вратија во првата и најстара германска крајнодесна опција NPD.


Да се вратиме на темата, во  2015 кога Европа беше пред најсилниот удар на миграција од исламисти кои дојдоа да ја освојат Европа, најсилно се спротиставуваа полските националисти кои имаа една интересна кампања , Европа паѓа на колена, за крајот на Европа и европската цивилизација која умира,  сепак силната борба на националистите, а посебно на чистите држави како Полска, Унгарија, Словачка, Чешка и нивната непопустливост не дозволија Европа да умре уште тогаш, а најголемата улога колку и да не сме свесни ја одигра Македонија, кога во 2015 македонските полициски сили ја одбранија Европа од исламситичкиот џган, можеме да засмилиме што ќе беше со Македонија и Европа ако ги имавме денешниве неспособни копилиња на власт.


Пред некој ден повоторно Франција беше алармот дека евроспката цивилизација мора да се разбуди, да заврши со разните воук идеологии, крајнаталевица, либерализмот, да се сврти кон своите традиционални вредности, шокот на неолибералите на власт кои гледаа како црните, арапите и останатите расни малцинства ја тероризираа Франција, во име на борбата за некаква слобода за убиен наркоман, крадеа, рушеа, палеа национални богатства на Франција кои се нивниот културен идентитет, дадоа силен аларм кој повеќе не може да не биде слушнат дека Франција си има јасен избор на наредните избори, или крајнатадесница и револуција  или умирање на Франција станувајќи  една нова афричка треторазредна држава во центарот на Европа, а посебно што изборот на наредните избори е умерена крајнадесница или комунизам, живот или смрт за Франција.


Она што најмногу радува е да се види дека француската младина се повеќе се буди и е свесна на опасноста пред која се наоаѓа француската цивилизиација, нивната нација и култура, па во многу градови маршитаа во одбрана на својата татковина, а најмногу во тоа поле се истакна градот Лион кој станува главен центар на будната француска младина, посебно групирани околу навивачите на Олимпик Лион.


ФРАНЦИЈА НА ФРАНЦУЗИТЕ  !

ЕВРОПА НА ЕВРОПЈАНИТЕ !



Wednesday, 28 June 2023

(НЕ)СУДЕНАТА ГРАЃАНСКА ВОЈНА

 Поминаа настаните во Русија со бунтот на воената формација (приватна воена фирма) Вагнер Груп која започна воен бунт против руската воена власт за ситуацијата на фронтот во Украина, ова наиде на голем шок прво кај русофилите, но и на изненадување на самиот Запад кој беше затекнат од настаните.


Беше интересно да се види како русофилите останаа затекнати од бунтот и (не)судената граѓанска војна , беа толку затекнати и збунети што немаа претстава што им се случува, нивната моќна Русија која само што не стигна до Берлин беше пред работ на граѓанска војна, немаа своја страна, за нивна среќа ова траеше само еден ден, па воздивнаа од тешки интелектуални размислувања и пресудувања за кои не се способни ,  за тоа која ќе биде правата руска страна.


Од друга страна Западот се покажа наивен и лицемерен, поддржувајќи ги Вагнер Груп со цел да има поголемо крвопролевање на Истокот, пред се Русите, непознавајќи го рускиот ментален склоп, покажувајќи дека нивна цел не е мир туку што повеќе жртви, но за тоа во некоја друга прилика.


Што е единственото нешто кое е кристално јасно како бел ден од целата ситуација, тоа е дека Русија ја губи војната во Украина, дека нема компас, дека не знае што прави, жилавиот и бескомпромисен отпор на Украинците е нескршлив, без разлика колку и територија во моментот да има изгубено Украина, сепак во целата ситуација на моќ и очекувања за одвивање на војната, Украина е многу поблиску до конечната победа отколку Русија, ако воопшто може да има таква победа во оваа војна.


Русија покрај тоа што покажа дека дефинитивно во моментот ја губи војната, покажа уште една слабост која во руската култура секогаш значела пораз, тоа е немањето на култен лидер кој ќе ја води битката до крај, Русија кога немала лидер кој е авторитетен и силен секогаш запаѓала во кризи, а Путин од најавторитетниот лидер на Русија во историјата после лошата проценка за напад на Украина го изгуби својот култ, целата надеж потајно кај многумина беше во Пригожин да биде новиот култен лидер кој ќе ја поведе Русија во победа, како единствен кој покажуваше сериозни резултати на фронтот но и тој го немаше капацитетот и способноста да оди до крај во тоа што го започна, со што и тој самиот се обезличи на фронтот.


Во битката на Путин и Пригожин имаме двајца губитници , едниот покажа дека нема авторитет врз неговите воени единици, губејќи ги на фронтот Вагнер, можеби и единствената воена единица која покажуваше решителност, храброст и волја на фронтот од руска страна, ставајќи се самиот себеси да зависи од чеченци и останати воени единици кои до вчера беа главни непријатели на рускиот народ, од другата пак страна сите успеси кои ги има Пригожин на военото поле ги фрли во вода со негово предомислување во последен момент и немањето на сила да оди до крај до Москва, граѓанска војна во Русија во моментов значеше дебакл за Русија во Украина, крварење и преголем влог во кој ни двајцата немаа храброст да се впуштат.


Секој резумен човек знаеше дека Русите во моментот се толку изгубени и никој нема храброст да се впушти во авантурата наречена граѓанска војна, но сепак се покажа јасна поделба која после завршувањето на војната во Украина без разлика на резултатот ќе биде почеток не внатрешна пресметка во Русија, ова е само одложување за некој други времиња.


Она што е најважно е дека покрај се украинскиот народ немаше никакви придобивки од овие настани, нивното останува да се борат да ја одбранат својата татковина од злото кое ги снајде и да ја сочуваат Украина, борбата е пресвета а украинците покажаа како се води до последен здив.


Слава Україні! Героям слава!




Tuesday, 30 May 2023

Косовската ситуација и Македонија

 Косово повторно е главна вест на медиумите низ Европа и кај нас во регионот, посебно што оваа ситуација влијае директно за односот на силите во нашата држава, многу добро знаеме дека со увозот на косовари Македонија го изгуби својот мир, токму немири и војната на Косово влијае во негативната смисла, но исто така  токму такви настани би можеле да бидат искористени од Македонија за враќање на државата од пред воениот конфликт од 2001.


Косовските Срби започнаа битка во одбрана на своите институции на северот на Косово, веќе деценија ситуацијата во Косово е со постојан мирис на барут но никој нема храброст ниту сила да го започне конфликтот, Србите јасно поради својата губитничка позиција со Бондстил, од друга страна косовските власти сеуште не се сигурни до каде би одела Србија во одбрана на северот на Косово, па секогаш има одредени одмерување на силите кои досега не ескалирале во тој воен конфликт, кој е јасно дека ќе се случи, само прашањето е до кога ќе се одложува оваа ситуација.


Ваквата ситуација на Косово мора будно да биде пратена од страна на македонските националисти и патриоти кои сакат да го вратат унитарниот карактер на својата држава и да ја срушат оваа бинационална држава во која владее аперхејд на малцинството над мнозинството.


Повеќе е јасно додека албанскиот фактор е сконцетриран на Косово и целиот фокус и сили се таму, Македонија и Македонците мораат да започнат да прават нереди во Македонија, да започнат борба за укинување на двојазичноста и рушење на оваа автошовинисчка окупаторска власт во татковината.


Македонците треба внимателно да учат од останатите, ние мораме да бидеме спремни за борбата за државата и да искористиме на укажана шанса да реагираме молскавично со цел враќање на државата, а избувнување на силна криза во Косово  е токму тоа, историска шанса за расчистување со сеператистите на нашето тло. 




Wednesday, 22 March 2023

Ел Салвадор

 Eл Салвадор, споменувањето на името на оваа држава алудира на пропаст, на бандите кои се распространети низ улиците, дрога, криминал, пропаст,   држава која е без просперитет, иднина, држава која е хорор за живеење, но тоа полека станува минато за Ел Салвадор, а тоа се должи на новата промена таму,  која од корен ја промени сегашноста а допрва ќе ја обликува иднината на Ел Салвадор.









А како дојде таа промена, како за кратко време Ел Салвадор се промени од корен, одговорот е многу јасен, спроведување на права идеологија и на силен авторитарен систем во името на  Наиб Букеле, државник кој со неговото доаѓање на власт стави крај на сите банди и антидржавни елементи и со неговата работа, чесност и посветеност го издига Ел Славадор како држава.

Наиб Букеле самиот не крие дека е авторитативен десничарски лидер, како што е познат и како најкул диктатор, човек кој со цврста рака изврши  тотална промена и револуција во својата држава.

Левичарите и нивниот најголем портал во светски рамки веќе го прогласија Наиб Букеле за фашист, поради идеологијата која ја спроведува, сепак таа е реално микс од фашизам и некој негови лични убедувања, идеологија позната како букелизам (сепак основните начела на успехот се фашистички).

Букеле направи потрес со неговата изјава дека абортусот е геноцид врз човештвото, како и на негово спротиставување на истополови брачни заедници , потоа се залага за тотално да запре емиграцијата на луѓе од негоавата земја во САД со спроведување на силни економски политики да го подобри животниот стандард на земјата.

Букеле исто така е верник во Бог, но не е припадник на некоја религиозна заедница.



Наиб Букеле како претседател започнува  да ја спасува  својата земја од бандите кои предходно тотално ја окупираа , кои за помалку од  30 години убија повеќе од 120.000 чесни, вредни луѓе, тероризирајќи го населенито на таа држава.

Без никаков страв решително им објави  војна на бандите и за само осум месеци го изгради најголемиот затвор во Латинска Америка „Мегакарсел“ во кој беа сместени 40.000 луѓе.

Започнува битката со нив, да ги лови и да ги става во затвор. 

Ги менува законите и ги продолжува казните за овие луѓе никогаш повеќе да не бидат на улица. Ги става во тешки услови без перници, душеци, метални полици наместо кревети, а во една ќелија ги става ривалските банди кои се борат надвор за територија. За најопасните има подготвено ќелија без светлина од бетон. Ги храни само со ориз и ги лишува од секаков контакт со надворешниот свет. 
Тоа беше причина разбојниците да се  закануваат дека ќе почнат неселективно да го убиваат народот, на што тој возвраќа дека ќе ги остави без храна на заробените 60.000 нивни браќа.



Букеле беше првиот што зборуваше за правата на жртвите, а не за правата на криминалците. Дури и ги обезличува нивните надгробни споменици бидејќи се испишани со мафијашки иницијали, кои се забранети со закон.
На прашањето зошто ги хранел само со ориз и им го одзел пилешкото, тој одговорил:
„Прво треба да им дадам на децата, потоа на трудниците, па на постарите, на уличните кучиња и на крајот, ако остане нешто, ќе им дадам на криминалците.

Од една од најопасните земји во светот, Ел Салвадор почнува да станува една безбедна држава. 

Убиствата од 4.000 годишно се намалуваат на 400 и нивниот број сеуште драматично се намалува, среќата на луѓето во самата држава е преголема што е осведочена од солзите радосници на народот кој живее таму, а држатава која има име Спасител, конечно го доби својот спасител кој ја спаси од ноќната мора и хоророт во која таа држава живееше со децении.


Tuesday, 21 March 2023

Пробудена младина - нова иднина

 Будењето на младината е неколку пати потенцирано дека е иднината која е потребна на Македонија, тоа што радува е што полека дел од младината се пробудува и е на пат да стане будна и да го брани и чува својот дом и да ја гради својата татковина.

 

Најновиот пример и знак на надеж во црнилото е Берово, овој непокорен мал македонски град, град во кој започнаа првите борби за ослободување на Македонија, кое иако толку мало дало толку многу херои со кое немат прилика да се пофалат и многу поголеми градови од него.

 

Беровската младина е најдобар пример за тоа дека крвта вода не бива, па повторно тоа Берово, славно Берово е примерот за тоа како треба да се бориме за Македонија, токму во Берово започнува будењето на патриотизмот и воскреснување на националниот дух, на државната городост, во град кој поради чумата на иселување се соочува со тешки периоди на преживување, Берово повторно ја покажа својата големина и сила како град.

 

Првиот гест на младата беровска младина беше цртањето на мурал за луѓето кои ја започнаа борбата за Македонија, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп - Георгиев Беровски, графит со порака НЕПОКОР, иако причината за негово креирање е со навивачки мотив, сепак националниот чин е најзначаен.

 

А дека не се работи за изолиран чин е доказ муралот кој е посветен на бранителите кои својот живот го дадоа за Македонија од Берово, покажувајќи пример на сите како треба да се ценат, почитуват оние луѓе кои го дадоа својот живот за нас , да ние денес сме живи, хероите од нашето време кои ја испишаа новата страница од славната македонска историја со својата саможртва.

 

Токму овој чин е уште еден доказ дека токму од најмалите средини започнува менталната револуција, обновувањето на малите убави македонски градчиња, македонското село ќе биде почетокот на враќањето на македонската гордост и македонскиот непокор за издигнување на татковината, за нејзино разубавување и градење на силна македонска држава.

 

Секогаш мракот е најголем и најцрн пред зазорување, а токму сега е најмрачниот период од нашето живеење, темнина во која луѓето губат надеж, но токму позади таквиот мрак се крие најсилното сонце на слободата, а тоа сонце дали ќе изгрее зависи  исклучиво само од нас.