Проектот за Велика Србија на мала врата го враќа големит равногорски војвода Воислав Шешељ (ирочнично е што равногорците се биле пијаници и не се бореле за тоа што сега се борат модерните равногорци) лидер на Српската Радикална Странка, омилен кај македонската новинарска фела.
Шешељ е личност која збореше дека Македонците се Срби со говорна мана, за што подоцна малце се покаја, но ете излезе со изјава дека Македонците треба да увидат дека им е поубаво во Велика Србија, него Велика Албанија.Проруски настроен, и политичар кој доби тотално фијаско на последните избори.
Српските радикали кршат плочи поставени од Македонија (иако во друга тема ќе го објаснам и митот АСНОМ и НОБ).
Ваквите вандали се први сојузници на една багра на заостанати новинари од УДБА.
Интересно е што таканаречениот македонски "ултра националист" и новинар кој крши плочи, прв ја пласира идејата за православна унија за заштита на православието, во која би биле БиХ(Р.Српска), Србија, Македонија и Црна Гора.
Сосема случајно или не, како што може да приметите на постираната слика овие теротрии се истите територии што се српскиот завет за Велика Србија.Или да бидам поточен, православната унија е новото пакување на Велика Србија.
Кај Србите сеуште владее горчлив вкус дека териториите од Македонија кои им припаднаа по Букурешкиот договор ги изгубија, а задржија мал дел т.е. областа околу Прешево и манастирот Прохор Пчински.
Македонија сеуште живее во носталгија за Југославија, но сепак тоа не е така, не е носталгија кон Југославија туку е типична Србоманија.
Медиумите во Македонија се под тотална србоманска контрола, вртат само српски тв емисии на најгледание македонски медиуми, по порталите знаеме се за ќерката на Цеца, и за телото на Јелена Карлеуша.По македонски свадби сеуште се пеат повеќе српски турбо фолк нумери, отколку било каков вид на македонски песни.
Србоманството кај нашиот народ се покажа за време на поплавите во Србија рушевме рекорди, додека за поплавите кај нас кои беа поглеми и со повеќе жртви во Скопје речиси сите беа пасивни, а да не збориме за катастрофалните поплави во Бугарија.
За време на нашите поплави , Србите не мрднаа со прст (чест на исклучоци) додека Бугарија организираше колективно пунктови за собирање помош, и Бугарија прати организирани екипи доброволци кои беа наградени и со национални награди.
Друго што е исто така важно е дека ја узорпираа културата, дур сите околу нашето соседство компонираат музика на англиски јазик и го освојуваат светскиот пазар со по 50 милиони гледање на фејсбук, кај нас нашите пеачи кршат јазик да испеат песна на српски јазик, место да пеат на англиски.
Дали имате приметено дека кога и да има Македонско-Албански конфликт главните вести се од портали од Србија, кои праќаат Делии и Радовци и разноразни структури српски што ќе ја бранат Македонците од Албанците, а жалните со цела воена опрема влегуваат у Прешево да рушат еден споменик.
Дали приметивте дека сите вести кои ја палат омразата се првично објавени во српските медиуми, дали ќе му текне некој за потенцијалниот реванш на Кале пишуваа само српските медиуми кои кова завера како во одбрана на Македонците ќе дојдат Делије и Гробари, а за албанците Бешикташ, а секој малку упатен знае дека навивачите на Бешикташ односно нивната главна група е анархистичка.
Српските пејачи исто така беа главни во упатувањето пораки дека Македонците се Срби со говорна мана, како што се Драгана Мирковиќ и Боро Чорба.
Во Скопје се појави билборд со кој се имаше за цел да се бори против српската асимилација на Македонците, а за тоа имаше бурни реакции како се ширело омраза и шовинизам од некој медиуми во кој предничеа Сител, Вечер и Фокус.
Кои новинари ги бранат србоманите, уредник што е осуден крадец, Класната крајна левичарка која јасно кажа дека го подржува ДПМНЕ дека се леви, крши плоча новинарот, дипломираниот социјалдемократ кој ги плукаше гевгеличани и најголемиот од сите партизанскиот Центар.
Исто така горчлива пропаганда имаше и против славењето на Крвавото Коледе, настан во кој беа убиени многу Македонци, од страна на истата пропагадна машинерија.
Интересно е како идејата за Голема Албанија ја повампирува идејата за Велика Србија, и како оној кој треба да биде главен нејзин промотор е Александар Антиќ, српски агент.
Како нашите брача секогаш кога има Етнике Шиптаре, за заштита ни ја нудат братската поддршка во Велика Србија.
Ѕверствата кои се вршени во таа Велика Србија над Македонците се огромни, како на пример по атентатот на кралот Александар Крагорѓевиќ се запалени неколку села, исто така истиот крал кога бил на посета на Скопје удрил шамар на 7 годишно девојче затоа што не го дал очекуваниот одговор дека е Србче, скандал од меѓународни размери во тоа време кој не се изучува.
Тука се и Охридско-дебарското востание, Тиквешкото востание, Валандовско-удовската афера,мал број масакри по селата, присилно одземање на имот кој бил доделуван на српските колоности, кои имале за цел промена на етничкиот карактер на Македонија, и.т.н.
И за крај пораката од Великите Срби кон сите кои се борат против нивната идеја
Природна идеја им е, национална политика си тераат, само не знам зашто е изоставена и Бугарија, они исто така гледаат кон тоа Македонија да си ја присвојат за себе, што е нормално за сите овие, не сме нормални ние, што немаме национална политика како нив.
ReplyDeleteП.С. Зашто странава не е на македонски тука кај коментирање и се?
40% од Бугарите се Македонци, останатите се со Татарско потекло (Хан Крум, итн)
ReplyDeleteИстото важи и за Србите.
Македонија е изворот, Срби и Бугари се изведени поими.
Револуционер, многу детски размислуваш. Тоа е целата поента. Зошто некој да пее на англиски јазик кога има свој јазик, култура, мелос, традиција? Тоа ли е целта? Сите да се англиканизираме и да бидеме под нивна хегемонија? Зошто Британците и нивните земји од англосферата не пуштат некој да пее на француски, италијански, шпански во нивните земји? Мислам не ти бранат да пееш, али никој не те слуша. Не можеш да бидеш ѕвезда.
ReplyDelete