Sunday 23 April 2017

Историја

Историјата е учителка на животот, е  латинска поговорка која има големо значање и голема суштина.Јас би додал, Народите кои не си ја познаваат својата историја, нема да имаат светла иднина.
Е сега некој нормално ќе се запраша , Зошто историјата е толку значајна, или оние најголеми лаици би рекле како наука за мртвите ќе ни ја направи подобра иднината ?
Римјаните како народ кој бил најнапреден во свое време, кои имаат мал тон поговорки кои се со лаконски речник, во оваа поговорка ја имаат можеби и доловено суштината на живтот.
Учењето, читањето на историја е значајно од многу причини, како за прво е значајно да го знаеш своето минато, своето потекло, да знаеш какви луѓе биле твоите претци и кои аманети ги имат оставено на следните генерации.Доколку ние не ги почитуваме аманетите на нашите предци, тогаш ниту нашите идни поколенија ќе ги слушат аманетите кои ние ќе им ги оставиме за во иднина.
Ако си националист, тоа ти не може да бидеш без познавање на историјата на својот народ, на своите хероји, на твојата нација и идеологија.Историјата е најзначајна наука за еден националист, и тој треба да ужива во нејзиното проучување секој ден, дознавајќи се повеќе интересни факти за своите хероји, но и за херојите на туѓите народи, но и за неговите непријатели.
Читањето на историја не прави спосбни да ги распознаеме потезите на политичарите, да ги видеме нивните намери, и да познаеме дали тие се добри за нацијата или не.
Учењето е историја е значајно и за да ги знаеме славните моменти од нашето минато, и да ги прославиме онака како што доликува.
Многу често се среќаваме со фразата , Но историјата ја пишуваат победниците.
Тоа апсолутно не е точно, историјата ја пишуваат документите и акциите кои ги вршеле личностите, додека победниците ја пишуваат официалната која се изучува се со цел да се возвишува нивното дело.Самото читање на историја, историски податоци и книги ќе ви ги отворат очите и ќе паднат сите митови кои сакат да ви ги наметнат во текот на вашето образование.
Исто така читањето на историја ве прави имуни на манипулации од страна на медиумите и политичките партии, бидејќи вие со самото читање, покрај тоа што се храните со знаење за вашето минато, поучени од него знаете како да распознавате вистина од манипулација, лага наместо искрена намера, и го прави вашиоут ум аналитички силен, се со цел да ги анализирате процесите кои се случуваат во земјата.
Сретнав мисли од левичари во кои тие тврдат историјата е гомно, не историјата е злато, едно од најголемите богастства кое може да ги има човек е знањето на својата историја.
На секој националист треба да му биде задоволство но и одговорност да ја учи својата историја, бидејќи таа е основа и темел на нашата идеологија, го збогатува нашето знаење, не прави имуни на манипулации, и над се не образува да бидеме достојни борци на делото  за кое што се бориме.

No comments:

Post a Comment