Wednesday 22 January 2020

Коцкај се народе ....

Коцкањето како што имам пишувано и порано на блогот е еден од најчестите и најголеми показатели на сиромаштијата која владее во едно општество, нудејќи лажна надеж за брзо решавање на сите проблеми со една голема добивка.

Како еден од начините кој нуди надеж за излез од сиромаштијата, коцкањето е идеално за секоја власт која е вооедно и најголем промотор на ваквите дејанија, игри и компании, пред се водејќи се од своите лични интереси а против сопствениот народ.

Сите чувме за тендерот од 6 милиони Евра за набавка на апарати за коцкање, а сега дур го пишувам текстот станаа и 14 милиони Евра, пари кои се потрошени да си купат мир сегашните но и идните властодршци.

Кои се причините и зошто е толку важно државата да го контролира , промовира коцкањето ќе биде објаснето во неколку точки.

Карактеристика број 1 за коцкањето е дека тоа преставува надеж, дава надеж на еден човек кој нема пари а има потреба од нив, кој работи деноноќно напорно да заработи пари кои не му се доволни за достоинствена живеачка, да го посети локалното казино или обложовалница, да тури дел од малкуте тешко заработени пари купувајќи си надеж дека со некој клик на апаратот или погодени резултати од неколку натпревари, ако не целосно, бар делумно да излезе од тешката ситуација која се наоаѓа, а воедно  и да купи нешто кое му е неопходно за дома.


Зависноста која ја создаваат овие игри на среќи е фатална, многу луѓе и семејства се зацрнети токму од неа,  таа му создава проблеми на нејзината жртва, која наместо да мисли како повеќе да заработи, како да се избори за подобра иднина за себе и своето семејство, тој мисли само на игрите на среќа за тоа како да отиде вечер и да стави што поголема сума на пари, како ќе добие многу и ќе ги инвестира парите паметно, но дури кога и доаѓа до таа голема добивка таа утредента или во наредните неколку дена , па во најлошо сценарио и самиот ден веднаш се вложува и губи на коцка.

Финалната карактеристика е долгот кој се создава од коцкањето, се повеќе пари вложени во апарати и листови на спортска, помалку пари за задоволување на правите потреби на самиот себе и своето семејство, што доведува до итна потреба на пари која сега лесно се добива од легалните лихварници отворени од фунцкионери на власта со високи и убиствени камати,  така дур вие се давите во долгови тие преку своите казина и лихварници се богатат со пари, а воедно на вас како нивни работници во другите сектори ве плаќат многу помалку од тоа што реално го заслужувате и што може да ви го платат, знаејќи во каква ситуација се наоѓате.

Најважнатo но и најзначајно за нив е што дур вие одите во казина и обложувалници, дур ги фрлате вашите пари во ветар и магла, вие не размислувате на вистинските причини на вашите проблеми и беспарица како и единственото соодветно решение за тоа, борба, борбата против овој систем кој ве поробува и постојано уништува и вас и нашата држава.

Од нас зависи, дали ќе заглавиме во нивната замка и ќе се коцкаме надевајќи се на некаков спас дур повеќе ќе тонеме зависни од проблеми и недостатоци на пари или ќе излезете на улица во герила акции и ќе се борите против корумпираните и лакоми политичари кои уништуваат се поради нивната светост, парите.


Tuesday 21 January 2020

Мал Шенген

Мал Шенген е наизлглед неинтересен политички проект кој нема да заживее и е потенцијална замена за ЕУ, но всушност е голема задкорисна игра со која две регионални сили би си ги решиле сите отворени прашања помеѓу нив, на штета на Македонија.

Двете политички сили кои имаат единствена корист од остварување на ваков проект се Албанија и Србија, Албанија на овој начин ќе си ја зацрти и оствари идејата за Голема Албанија без Чемерија , каде што реално и немаат никакви шанси, додека Србија би добила мини Велика Србија , што е огромен успех за нив од кога што се вели само до вчера трепереа за Војводина и Република Српска, а го изгубија целосно, односно сега делумно Косово.


Сите проблеми кои ги имаат Србија и Албанија ги решаваат со Мал Шенген, Косово останува независно што е интерес на Албанија додека за возврат Србија ќе добие тоа Косово да не биде меѓународно призната држава и целосна контрола на териториите каде што живее чисто етничко српско малцинство.

Во Македонија од кога Србија речиси беше истерена ќе се врати како силен играч и ќе го контролира оној дел од Македонија кој не е во интересите на Албанија, нормално доколку ние влеземе во Мал Шенген, а најинтересно ние сме главни заговорачи на таа идеја.

Токму затоа Црна Гора која води јака, силна национална и патриотска битка за градење на вистинска независна држава ослободена од Србија не сака да влезе во овој проект, свесна дека на тој начин таа повторно ќе подпадне под владеење на Србија додека Улцин би го завладеала Албанија. покрај нив и Босна и Херцеговина односно Бошњаците и Хрватите се против тоа БИХ да влезе во ваков сојуз кој всушност означува основање на Голема Албанија и мини Велика Србија.

Албанија и Србија не можат и немаат сили да војуваат, за војниот кукавичлук кај Албанците знаеме сите од 2001, додека Србите никогаш ама апсолутно никогаш не добиле воен конфликт без јак и силен сојузник позади нив, посебно што  вакво сценарио би донело непотребно крвопролевање кое не го сакаат ниту двете страни, а со Мал Шеген по кој знае кој пат Албанците и Србите ќе си ги расчистат овој пат засекогаш сите отворени прашања како држави, нормално доколку нашиве политичари магариња и некој други наседнат на овој трик на старите политички лисици.