Friday 22 June 2018

Политичките"лидери"

Еден од главните проблеми со кој се соочува Македонија од својата независност до денес е немањето на лидери, достоинствени и храбри луѓе кои ќе ја повадат Макеоднија по нејзиниот пат до просперитет и успех, притоа без да се погазат нејзините интереси.

Но и за да има таков достоинствен лидер потребен е народ кој ќе се жртвува за државата, народ кој е спремен и да гладува, со цел државата да заздрави, да застане на нозе, а сето тоа потоа ќе биде соодтветно наградено со благодетен и достоинствен живот за идните генерации.

Сепак на жал, Македонецот е паразит кој чека од партиски штабови вработување, спремен е да го погази другиот Македонец ако е од друга политичка партија, но и најмногу од се тој сака да добива благодети од државата без да се жртвува за неа.

Затоа и имаме такви "лидари" , без никакви лидерски способности, без карактер, без никаква идеја како да ја оправат Македонија, контролирани од странски дипломати, притоа засилени со  огромна поддршка од групата на Македонци спомената погоре, што е убиствена комбинација за Македонија.

Тие знаат како да вработуваат неспособни кадри , бидејќи такви лесно ќе ги владеат, а напредните и способни млади Македонци ги истистнуваат и приморуваат да заминат во странство, со што решаваат многу проблеми за нивното владење погубно за Македонија.

Тие не гледат што е важно за Македонија, туку како да ги задоволат УЧК и странските дипломати, кои се нивните богови, овозможувајќи им да ја крадат државата без да имат никаква милост кон неа, измолзувајќи ја до последниот денар.

Имаме лидери за кои интересите на Македонија се стока за продавање на пазар, и колку поскапо ја продадат, толку се посилни во нивното опкружување.

Не е важна државата, важни се партиските списоци да бидат соодтвено реализирани.


Имаме и нов прототип на лидер, неуспешен партиски претседател кој повеќе години не успева да освои повеќе од 10 илјади гласови, кој ја продава својата идеологија и принципи, се со цел да добие кеш од странската држава и од противните на странските дипломати за кој работат претходните двајца лидери.

Нема никаква разлика меѓу него и нив, иако тој во раце држи Македонско и руско знаме, тој во својата програма ветува припојување на Македонија кон Русија  и Евро Азиската Унија, без притоа да се забележат интересите на државата, што Русија навистина сака и.т.н.

Секој лидер што вее знаме на било каков сојуз или држава покрај Македонија е  квази лидер и потенцијален предавник, кој не му се важни интересите на државата, туку неговиот џеб.

До кога ќе имаме вакви политички "лидери" зависи исклучиво само од нас.


Wednesday 20 June 2018

Жртвени јагниња

Секоја револуција бара жртви, тоа ние јасно на сите, но таа бара саможртвуваност а не жртвени јагниња.

Но кај нас сите "револуции" си имаа свои жртвени јагниња, личности кои поради своите искрени намери, чесни побуди во борбата, беа жртвувани од страна на политичките "лидери" на политичките партии, со цел со нив да прават пазар покривајќи си ги своите гомна.

Така беше и за 5ти Мај и  борбата за промени која беше задушена од Шарената "револуција" превземајќи им ја борбата на искрените луѓе желни за промени (без разлика дали се согласувам со нив или не) и ја наметнаа својата воља, а сите тие што се спротиставуваа беа затворени, казнувани, се влечат по судења,  се уценувани да не го кренат својот глас против шарената тиранија која е на власт.

Другиот случај е 27ми Април и "насилниот" односно наместениот влез во Собрание, кој им одговараше на тогаш сеуште владеачките а сега опозиционери, да се искупат за своите  гревови, ги жртвуваа на луѓето кои искрено веруваа дека се борат и ја бранат Македонија, не свесни дека нивните лидери се всушност со исти цели и намери како и нивниот непријател, односно дека ќе завршат како топовско месо за да ја нахрани гладта и суетата на одредени желни за крв и месо.

Сега е репризата со случувањата од  17 Јуни, со солзавците, топовските удари,  целта да се намести една навивачка група како жртвено јагне од страна на медиумите.
Оваа револуција и борба имат и друг проблем, петата колона која вее руски знамиња и која сака да и ги промени целите и текот на борба, нешто што треба биде брзо насетено и сечено од корен.



Како и да е, се дур нашиот народ не застане обиединето, се дур револуциите повеќе нема да дозвелиме да ни бидат насочувани и реализирани од штабови на партии, туку да бидат чисти, наши граѓански, тогаш ќе го сопреме ова жртвување на млади луѓе кои влегувајќи со чесни намери, завршуваат по судови, притвори, затвори, затоа што ја сакат Македонија и стануваат дел од пазарањето за заборавање на криминалот на големите играчи.


Sunday 17 June 2018

Полицијата брутална кон својот народ

Го дочекавме денот кога конечно демократите удрија по својот народ , истите кои до вчера плачеа на полициска бруталност, оние кои маршираа против неа, денес аплаудираат и ја поздравуваат, со мотото, си бараа па си го добија.

Интересно така и гдомци збореа за нив, кога тие беа цел на полициска бруталност, која беше многу помала и во помал облик од оваа денес, ако го исклучиме упадот во читалната на 5 мај.

Шарените останаа без маски и се виде дека нивната борба нема ништо осовно со начелата на кои се повикуваа и кои ветуваа дека ќе ги реализират, туку дека имаа само гола борба за фотеља.

Од солидарност ако беа тоа што се , денес први ќе излегоа со осуда и ќе организираа нови протести против полициската бруталност, бранејќи го правото на секој без разлика дали се согласуваат со него или не , слободно да го искаже своето мислење.

Другата страна е што оние па кои се ситеа на нив сега на своја кожа осетија многу побрутален пристап на полицијата, па сега најверојатно ќе научат за навек , дека не треба да се ситат на туѓата несреќа, нешто што наскоро ќе го научат и шарените кои тоа го заборавиле.

Се виде дека нема никаков демократски капацитет , ниту ќе има живот, само полнење на џебовите на тие што успееа да се докопат до фотељите и до тендерите.

Газењето и удирањето против својот сопствен народ, во кој толку се колневте, дека ќе го браните и ќе му донесите просперитет, дека ќе работите за негово добро, еден ден, многу скапо ќе ве чини.


Saturday 16 June 2018

Спорот со името доби свое решение ?

И ете лека полека дојдовме до тој ден да конечно спорот со името добие свое решение.
Но дали навистина доби решение, е прашање кое допрва ќе си добие свој одговор.

Решението на спорот со името е Република Северна Македонија, ерга омнес.


Поддржувачите на ова решение тврдат дека има неколку држави со името Северна, па не било проблем, но ете ајде да анализираме како тие држави ги добиле своето име.

Прво одиме со Северна Ирска, прво таква држава официално не постои, бидејќи таа ниту е членка на ООН, ниту има право самата да одлучува за себе, таа е составен дел од Велика Британија и е еденствен дел од островот Ирска која не се ослободи од колонијалната власт на ВБ.
Тој дел од островот е со доминантно протестантско население и така останало верно на Британија, односно Британија го окупира овој дел на Ирска, каде што се водеа битка за негово ослободување и припојување кон матичната Република Ирска.

Потоа одиме со Северна Кореја, оваа држава настанува со тоа што комунистите не можат легално да ја освојат власта на оваа полуостровска држава, па почнуваат граѓанска војна со легитимната власт, при што со поддршка на СССР и Кина, успеваат да создадат комунистичка држава на северот од овој полуостров која граничи со комунистичка Кина.
Втор битен детал, нивното уставно име е Демократска Граѓанска Република Кореја а не Северна Кореја,  додека името Северна Кореја се користи за полесно определување и разграничување од  Република Кореја или позната како Јужна Кореја.

За крај третиот и последен пример кој не се користи е Северен Кипар, која настанува со окупацијата на турските официални власти на северниот дел на островот, создавајки  ја Турска Република Северен Кипар, не призната држава од никого освен Турција, единствена со предзнакот Северна во своето уставно име.

Како што гледате сите држави со преднзакот Северна се под некаков вид на окупација, дали е тоа случајот и со Македонија ?


Друга поголема збунка е англискиот превод на името на државата, дали е тоа Северна Македонија или Северно од Македонија, тоа го оставам на дипломираните на катедрата на англиски јазик, тие треба да ни преведат јасно и гласно.

Идентитетските прашања не ги коментирам, идентитетот се пренесува од колено на колено , а ние одамна го изгубивме тој контиунитет со присилното југословенизирање/србизирање  на народот.

Македонија преговараше за име за меѓународна употреба, а сега го менува и уставното име за домашна употреба, со што ги надминуваме рамките на спорот на наша штета, плус што удараме шамар на 190 земји кои не признале под уставното име.

Другите правни пречки се , дали претседателот ќе потпише ваков договор кој не може да биде легитимен без негов потпис.
Дали народот ќе излезе или ќе го бојкотира масовно референдумот, посебно со непрочистениот избирачки список, со бојкот 50 % се научна фантастика.

Дали ќе се изгласа со 2/3 мнозинство во парламентот промената на уставот, со што ќе излезе на видело предавничкиот менталитет на ДПМНЕ.

На крајот ова може да биде само договор кој ќе донесе големи внатрешни проблеми, големо понижување на самата држава, но и почеток на протести во Македонија и во Грција.





Tuesday 5 June 2018

Стара книга, нов наслов

Дојде и тој ден, ВМРО-ДПМНЕ оддржа митинг, прв со својот нов лидер, кој треба да биде про-еврпски, напреден, интелектуален и да прмовира нови вредности во најголемата опозициска партија во Македонија.

Ветија и промовираа нова програма, Нов завет за Македонија, книга со многу јак наслов, но со стара веќе позната соддржина.
Всушност се е исто, само го сменија насловот на книгата, некогаш беше Преродба, сега е Нов Завет.


Не кажаа ништо за тоа како ја усраа 10 години дур беа на власт, не кажаа како ќе прекинат да ја распродават Македонија, не покажаа ништо ново за кое би требало да ни покаже дека навистина имаат нова програма за народот.

Поголемиот дел од митингот беше насочен против Хунтата, без притоа да се навратат за тоа како и тие владееа со челична рака.

Не понудија решение како ќе го одбранат името, ниту како ќе ги извадат луѓето кои по нивна вина завршија во затвор, ниту на кој начин ќе ја извлечат Македонија од гомната во која западна.

Или на кратко , ни  ја продаваат старата книга, само со нов наслов.