Сведоци сме како веќе неколку денови по ред, имаме собраниска расправа во нашиот Парламент, која место да биде конструктивна дебата за подобрување на животот на народот, всушност е дебата за фотеља и власт, и оние кои треба да бидат кремот на најучени луѓе во општеството, всушност испаднаа најголеми циркузанти.
Место вашето дете да го носите на циркус Меридано, пуштете собраниски ТВ канал, им фали уште шминка за да бидат комплетно предадени во улогата на кловн, нашите пратеници, "гласот на народот".
Собараниската говорница е блокирана, се со цел да не се избере претседател на Собранието, и што повеќе да се одлекува оваа криза која тие вештачки ја создадоа во Македонија.
Реформаторите на Македонија како кандидат за претседател на Собрание ни го нудат Талат Џафери, министер за Одбрана од спротивниот табор, национален предавник кој ја плукна униформата на АРМ и замина како дезертер во непријателски редови.
Можеби УЧК за нив не се воени непријатели, но дали човек кој е дезертер од АРМ заслужува вакви високи позиции во власта ?
За ДПМНЕ денеска Талат е тирански претседател на Собрание, а во нивно време дали тој беше тирански министер за одбрана ?
Реформаторите на Македонија се жалат дека се злоупотребува говорницата за парламентот за непродуктивна дебата, која го кочела напредокот на Македонија.
Зошто реформаторите не беа така гласни кога ДУИ ја злоупотребуваше говорницата за да не можат нашите бранители да ги добијат заслужените привилегии од државата ?
Тогаш не им беше проблем бидејќи тоа не влијаеше на нивниот џеб.Денеска тоа влијае и тоа како на нивнот џеб и нивните приходи.
Нашите бранители беа жртви на иста ваква неконструктивна дебата водена од една пратеничка група, но тогаш никој не се жалеше и не протестираше за тоа, како што напишав погоре, никој не губеше пари од свој џеб, а денес губат големи суми на пари.
Глумењето нивно на говорница го закрива податокот дека Македонија си има Влада која работи, која распишува тендери, парите си вртат, а на говрница големите коалициони партнери глумат смртни непријатели.
Идеалите кои ги мачкат очите на граѓаните, не им значат ништо, тие имат сосема друга причина поради која се влезени во политиката.
А на улиците излеваат толпи на народ, кој тие го гледат како свое стадо кое секогаш ќе го вадат на улица за свои потреби, народ кој слепо верува на своите лидери, или народ кој за жал чека државно вработување за да може и тој да краде од сопствената држава, но тоа е суровата вистина која мора да ја прифатиме.
Тоа е Демократијата, таа го нуди сето ова.
Демократијата е систем кој служи на политичарите и нивните дружини да се богатат и да ја злоупотребуваат својата моќ.Демократијата е систем кој служи исклучиво на политчарите и нивните интереси, а народот е сосема илеревантен.Токму поради ова фашистите се борат против демократијата која служи само на одрена група на поединци од политичките елити, а не на целиот народ и пред се и над се на државата.
Заклучокот е повеќе од јасен, се дур се подгрева вештачко создадената криза, во Македонија се води борба за власт, моќ и пари, и на никого ни на крај памет не му е да направи нешто подобно за народот кој живее во Република Македонија.
No comments:
Post a Comment