Сиромаштијата е една од најболните точки во едно општество, посебно таму каде што се среќава во огромен процент како кај нас.Според официалните анализи дури 21,5 % од населението кај нас живее во сиромаштија, многу висок процент како за економија која е прва во Европа.Да биде поинтересен фактот е тоа што младите се убедливо најсиромашни во земјата, односно живеат и растат во сиромаштија.
Сиромаштијата пред се и над се носи морална криза во општеството и недостатокот на пари, а најмногу влијае врз духот на луѓето.
Прва карактеристика е очајот.Сиромашните луѓе се очајни, тие сакаат на секој начин да излезат од неа, без разлика на цената која ќе ја платат.
Едните се посегнуваат по имотот на другите и крадат, на тој начин сакајќи да го покриат недостатокот на финансии, нешто што е карактеристика на оние кои што немаат морал.
Кај тие што поседуваат морални вредности, очајот се изразува на други начини.
Првата е коцката, тие лесно посегнуваат по игрите на среќа, само погледнете ја Македонија, на секој чекор има казино или спортска обложувалница.И тие мали приходи кои ги имаат се ставаат на комар, со надеж дека ќе бидат оплодени и ќе се добие некоја денар плус, посебно се охрабруваат со еден од илјадници кои навистина успеал да ја победи сиромаштијата со играње на комар.Е неуспехот на комар многу често носи до нов порок, алкохолот.
Алкохолизмот е многу високо присутен кај сиромашните лица, дел од нив пијат и се пијани секоја вечер, а алкохолизмот доколку е засптен кај личност која има семејство, тоа само по себе речиси сто процентно носи и семејно насилство, во кое на жал најмногу страдаат децата.
Израснувањето во таква тешка средина, дел ги мотивира да успеат во животот, но сепак поголемиот дел од нив стануваат деликвенти.
Очајот кај дел од сиромашните девојки доаѓа до израз на тој начин што тие своето тело го нудат како начин на заработка, занимавајќи се со проституција, или да бидат екскорт дами, се со цел да излезат од сиромаштијата и да ја остават позади себе како лош спомен.
Сиромаштијата исто така носи и до неукост, немање на финансиски средства да се купи книга која ќе се чита, да се нема интернет дома, да не се гледа телевизија, посебно доколку е екстремна сиромаштија каде што се нема ниту струја, вода во домот, и најважно од се храна.
Оваа група на сиромашни лица на жал покрај тоа што назадува со интелектот, таа е лесно поткуплива и лесно се владее, па на изборите нивниот глас се купува со масло за јадење, шеќер, брашно, и.т.н.
Здравата исхрана е недостапна до сиромашните фамилии, тие не може да си дозволат месо, квалитетен и здрав зеленчук и овошје, во одредени слоеви на сиромашните семејства има само еден појадок дневно, без ручек, вечера, а камоли пак десерт и ужина.
Тоа доведува до стрес и нервоза кои се причина за разболување на организмот и разни болести, а познавајќи го и очајното здраство, тоа допринесува уште толку за нервози, стресови, кои завршуваат со срцеви и мозочни удари, и.т.н.
И за крај сиромашните личности лесно си ги продаваат своите вредности, тие се лесно поткупливи и.т.н. Токму поради тоа тие се лесна мета на политичките партии кои ги врбуваат во своите редови, а за возврат сиромашните луѓе им се слуги, тие с редовни на партиските митинзи, патуваат со автобуси ширум Македонија (имавме случај кога еден и почина патувајќи за на митинг) спијат во шатори пред Собрание или Влада за дневница 300-500 денари.
Тоа прави идеален робовладетлски однос од партиите врз сиромашните луѓе, кои не може да се борат за својата иднина и добробит на државата бидејќи се зависни од партиите, и ги претвара во соодветна армија со која политичарите ги исполнуваат своите интереси.Ако се додаде и фактот дека цела администрација е во политички партии, тоа го прави големиот дел од населението под контрола.Дел од сирмашните лица служејќи добро на партиите, за награда може и да добијат карта за излез од неа.
Зошто настанува сиромаштијата ?
Таа настанува поради неспобноста на владеачките елити да менаџираат со економијата на дадената земја.Кај нас сиромаштијата се јавува од неколку фактори
- екстремна алчност на богатите елити
- превисоки цени на продуктите, нереални со реалната пазарна вредност на продуктот (голем дел од зеленчукот и овошјето во Германија се поефтини одколку кај нас)
- нереални ниски плати, без разлика колку компанијата расте и напредува, платите остануваат непроменети
- високи казни, една казна од Владата може комотно да те доведе во сиромаштија
Ова се само дел од причините, поради кои ние се соочуваме со феноменот, еден дел од општеството да живее екстремно богато, додека другиот дел живее екстремно сиромашно.Колку и да звучи левичарски, факт е дека Македонија има најголема разлика помеѓу класите.
Богатите елити не размислуваат за своите сограѓани, тие поставуваат високи цени на произовдите и услугите кои ги нудат нивните економии, за разлика од ниските плати кои изнесуваат 200-300 евра.
И двата система кои беа кај нас потфрлија, и капитализмот и комунизмот.Реално нас ние потребна промена како и на цела Европа, опцијата Третиот пат.
Во Третиот пат, за разлика од комунизмот и капитализмот, кои се материјалистички системи кои тргнуваат од материјалното, Третиот пат тргнува од духовното.Пред се и над се битно е човек да биде духовно исполнет, цело општество да делува како едно без никакви поделби, во чија што цел ќе биде сите да живеат еднаков квалитетен живот.
Борбата за успех на Третиот пат е во голем раст во Европа, се повеќе луѓе се желни да изградат општествен систем во кој на прво место нема да бите материјалното, но во исто време сите да имаат квалитетен и исполнет живот.
No comments:
Post a Comment