Monday 13 March 2017

Димитар Чкатров

Димитар Чкатров е деец на Македонска младинска тајна револуционерна организација.
Роден е во Прилеп во 1902 година.Учи во родниот град каде што завршува гимназија.Тој своето образование го продолжува во Белград каде што се запишува на техничкиот факултет  при универзитетот за градежно инжинерство.Уште како студент станува член на ММТРО и ја организира младината во Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Крушево и во други градови.Со својата дејност тој успева да изгради голем авторитет помеѓу студентите и локалната интелигенција и станува еден од раководителите на организацијата.Тогаш се создава трајната врска помеѓу него и Димитар Ѓузелов.
Откривањето на Студентскиот процес го засега и Димитар Чкатров.Одбива да емигрира  и си останува на функција.Уапсен е заедно со поголема група на студенти во Белград, каде што е суден заедно со останатите обвинети и е осуден на затворска казна од 10 години тежок затвор.Пред судот тој покажува цврст карактер и одлучност поради кој го добива псевдонимот "железни гради".Пресудата ја отслужува во затворите во  Скопје, Ниш, Пожаревац  и Лепоглава каде што е нападнат и ранет со нож во градите.При неуспешен обид за бегство се простелува во градите, но после лекувањето е вратен во затворот да ја отслужи казната.
По крајот на Втората Светска војна, поради своето политичко делување тој е даден на суд.Процесот против него трае од  25 Мај до 2 Јуни 1945, а со него заедно биле обвинети и Димитар Ѓузелов и Спиро Китинчев.
Осудени се на смрт со стрелање.Пресудата е извршена на  Зајчев рид, кој се наоѓа на 3 километри од Скопје.

No comments:

Post a Comment