Корнелие Зелеа Кодреану е романски националист, политичар и лидер на Железната гарда - Легија на Архангелот Михаил, позната и како Легионерско движење / Легија.
Корнелие Кодреану е роден 13 Септември 1899 во местото Хуси во Романија.Неговиот татко Јон бил учител а подоцна ќе биде активен и во движењето.Мајка му Елизабета е Германка.
Доста време живее во местото Буковина во тогашна Австроунгарија, каде што биле познати како Зелински.
Корнелие Кодреану е бил доброволец во Првата светска војна.
После војната заедно со Константин Панчуом ја основа Национално христијанската одбранбена лига.
Тие двајца го објавуваат капиталното дело Велика Романија, во која се бара обединување на сите Романци во една држава, при што на православните браќа Срби и Бугари нудат пријателство, и поради тоа не сакат да го нарушат нивниот територијален суверинитет.
Корнелие Кодреану има антикомунистички став од 1919 година кога болшевиците ја окупираат Молдавија која тој ја смета како нераскинлив дел од Велика Романија.Корнелие Кодреану станува заколнат непријател на болшевиците откако територијалните претензии на болшевиците биле поддржани од Социјалистичката партија на Романија.
Кодреану е познат како антисемитист по пример на неговиот татко, и го спојува со својот силен антикомунизам, верувајќи дека Евреите а не православните Руси, управуваат со Советскиот Сојуз.Кодреану комунистите ги нарекувал "еврејски болешевици".
Корнелие Кодреану студира право во Јаши, каде и ја започнува политичката кариера.Како и неговиот татко станува близок до движењето A.C. Cuza. Во тоа време се сметало дека Евреите сексуално ги искористуват младите Романки, и дека се предавници на Романија.
Пред крајот на 1919 Кодреану пристапува во Националната заштитна гарда, група основана од електричарот Константин Панчу.Ова движење е било пролетерско, со намера да биде алтернатива на комунизмот и капитализмот.
Панчу своето движење го нарекувал работничка-социјалистичка десница.
Кодреану ја основа и Асоцијацијата на христијански студенти која дирекно ја напаѓа управата на универзитетот дека е под директна конрола на Евреите.Поради големиот притисок на управата на универзитетот во кој тие делувале, и неможноста да влијаат на поголем број студенти, Кодреану и соработниците го напуштаат универзитетот и Кодреану никогаш не ја добил правничката диплома.
Потоа Кодреану во 1922 година заминува да студира во Берлин.Учестува и во манифестации на италијанските фашисти, како и на познатиот Марш на Рим.Набрзо се враќа во Романија.
Набрзо по доаѓањето на власт на Национал-либералната партија го забранува делувањето на A.C. Guza, но на 4 Март 1923 година христијанските националисти основаат организација со име Национал-христијанска одбранбена лига.
Корнелие Кодреану е уапсен во Ноември 1923 година поради парамилитантно и револуционерно делувење, и го спроведуват во затворот Вукареши во близина на Букурешт.Таму Кодреану доаѓа до идеа, за внатре во НХОЛ се основа посебна организација која би се викала Легија на Светиот Арахангел Михаил, поради тоа што оваа икона му дала најмногу сила во животот во затворската црква, која Кодреану секојдневно ја посетувал.
По излегувањето од затворот, внатре во НХОЛ создава посебен систем кој го нарекува Братство на крстот.Секој припадник НХОЛ мора да ја пролие својата крв пред браќата од движењето на православен крст и да ја изговори заклетавата на НХОЛ.
Во Мај 1924 година во Јаши започнува да гради студентски центар, но неговата замисла ја спречува романската полиција.Во таа прилика Кодреану и уште неколку припадници на НХОЛ се уапсени и пратени во затвор на неколу дена.
После кратко време поминато вон политика, Кодреану се осветува на Манчу (полицаецот кој го уапсува во Мај 1924), ранувајќи го него и уште неколку припадници на полицијата во Октомври истата година во зградата на судот во Јаши, каде е Манчу повикан како сведок против Кодреану и неговите соборци.
Во исто време во романскиот парламент се донесува Марсезов закон, кој треба да ги спречи политичкото насилство.
Први на удар на Марсезовиот закон биле комунистите, чие што делување е веднаш забрането.
Кодреану во Ноември 1927 година ја создава крајнодесната, фашистичка, антикомунистичка партијата Железната гарда (Легија на Архангел Михаил).
Легијата работела по системот на Братството на крстот, со авторитетен и хиерархиски кодекс.За кратко време Легијата стекнува многу симпатизери помеѓу романските свештеници, сметајки го Кодреану како човек кој сака национално спасување во религиска смисла.
Легијата користи православни ритуали во секојдневното делување, а Кодреадну во политичката борба често е облечен во традиционална романска носија.Легијата е исто така била заснована на мистицизам, а Кодреану во една прилика рекол : Легијата го менува човекот од корен и прави од него ново битие.
Покажувајќи ги своите политички ставови, Легијата е од старт била означена како антисемитска, бидејќи сметала дека треба да се реши Еврејското прашање во Романија, каде Евреите се семе на блуд и неморал.
Корнелие Кодреану почнува отворено да говори против Евреите на протест кој е организиран од Легијата пред синагогата во Орадеи.Треба да се напомене дека Романија веднаш по Полска во тоа време била најмногу антисемтски настроена земја во источна Европа.
Во две години постоење на Легионерското движење е активно на територија на цела Романија.За време на големата депресија 1931 година, на изборите во Романија, партијата освојува 5 места во романскиот парламент.Набрзо Кодреану станува познат по тоа што ја разоткрива корупцијата меѓу политичарите во тогашната актуелна власт на Романија.
Корнелие Кодреану смета дека Романците и сите православни народи се многу супериорни во однос на другите народи во опркужувањето, а посебно бил нетрпелив со Унгарците.
Легионерското движење ги зачленувало луѓето од пониските класи, сиромашни, селани, и најголемиот број на млади образовани студенти.Просечната старост на членовите на Легијата е била 27 години.
Легионерското движење на чело со Кодреану е било против капитализмот, либерализмот, комунизмот и демократијата.Исто така е било противник на модернизацијата и материјализмот, а промовирало христијански национал-социјализам.
На властите почнува да ги загрижува револуционерниот потенцијал на Легијата.Ситуацијата почнува да добива на голем приоритет кога Корнелие Кодреану дава полна поддршка на Адолф Хитлер.
Непосредно пред изборите 1933 година властите апсат повеќе значајни функционери на Легијата, обвинети за тероризам.
Легијата учествува во граѓанската војна во Шпанија на страна на генерал Франко.
Корнелие Кодреану од страна на следбениците на Легијата бил нарекуван Капетан и тој беше неприкосновен водач на движењето до смрт.
Легијата исто така имала основано своја парамилитарна формација, која е позната како синикошули.
Подоцна за своето делување е осуден на десет години тешка робија.
За време на хитлеровите напади на европските земји, Кодреан се обраќа до царот Карол втори, да направи се што е можно да спречи напад на Романија.Кралот тоа го прифаќа и испраќа тројца членови на Легијата да се сретнат со Хитлер.
По враќањето на Кодреану во земјата, 30 Ноември 1938 година, романскиот крал Карол, наводно наредува убиство на Корнелие Кодреану.Убиството го извршиле полицaјци, а деталите за ова убиство се сеуште непознати.
Корнелие Кодреану важи за пример на модерната десница, а наследници на неговите идеали е движењето Нова Десница во Романија.
(Kорнелие Кодреану претставен како светец, иконата е нацртана од романски свештеници)
( знамето на Железната гарда- Легија на Архангелот Михаил)
No comments:
Post a Comment