Во Македонија на жал тешко опстојуваат објективни медиуми, односно медиуми кои во текот на своето работење и делување нема да се припојат кон еден од двата големи центри за контролирање на тоа што ќе биде секојдневно објавено, во повеќето време исти текстови кои медиумите имат за цел само малку да ги нашминкат се со цел да не наликуват едни на други.
Имаме две клучни улоги во тие центри за контрола, едниот е македонскиот Сорос, а другиот е македонскиот Гебелс, прекари кои ги добија од своите политички противници, па затоа ќе ги користам тие називи, мислам дека секој што прати политика ги знае личностите кои се кријат позади овие псевдоними.
Овие центри функционираат беспрекорно, постојано објавуаат информации кои имат само една цел, ширење на омраза и искористување на неедуцираноста на поле политика на оние кои ги читаат овие портали, гледат нивните телевизии и.т.н. Познавајќи го фактот дека истите тие слепо им веруваат на се што тие ќе изјават, тие одат до крајности се со цел да го исперат мозокот на обичниот човек.
Начинот на работа им е тотално ист и се состои во неколку точки :
- Ние сме Македонија, народот е со нас, ние ја сакаме Македонија и ќе направиме се за неа.Македонија е нашата татковина и таа е се што имаме.Заедно за Македонија.
- Другите се дно, гнаса во општеството, тие се предавници, прости, душмани на државата, крадци, гнаси, простаци, немат интелект.
- Со нас се младите, а делумно често ги користат и пензионерите.
- Нашиот лидер е човек пратен од Бога да ја спаси Македонија, тој ја сака Македонија, тој ќе даде се за неа, тој ќе го обедини народот кон посветла иднина.
- Протестантите наши се закон, млади кул луѓе кои ја сакаат својата земја, тие се елоквентни, учени, начитани, лични, прекрасни, двигатели на општеството.Овие другите се изроди, грдосии, прости, неучени, немат прочитано една книга, тепачи, силеџии, говеда, ѓубриња, шовинисти, ретроградни, и.т.н.
- Се прашуваш зошто не одиме напред, па овие другите се криви.Не кочат секогаш кога има успех, башка само крадат, крадци и олигарси се.
Е тие неколку точки ги градат сите текстови на нашите медиуми, кои иако на читање 100 % различни, начинот на кој се пишувани односно да бидеме поконкретни системот на пишување им е ист.
Но има случаи кога тие делуваат сосема исто, односно имаат заедничко делување, а тоа е против гласноговорниците на вистината.За нив не се штедат зборови, етикети и навреди.
Конкретен пример е панихидата одржана во чест на паднатите борци против комунистичкиот режим во Македонија, панихида која се одржи на денот на Крвавиот Бадник или Крвавото Коледе.Во својот репертоар на навреди, не се штедеше никој, од организаторите, учесниците, па дури беше нападнато свештеното лице на МПЦ ОА кој го остварил основното верско право на верникот а тоа е молитвата.Комунизмот во овие два центри е суштина на нивното делување, тоа се тие наши црвени кмери.
Се ширеа разни историски лаги од истите медиуми, па напади врз групата Чкатров-Ѓузелов, па до навреди од најнецивилизирана природа за жртвите на комунистичкиот терор и прогон.Се на се една нечовечка карактерна особина која тие ја поседуваат.
Друг случај кога делуваат заедно е кога ќе се појави некоја организација или друштво кое не е дел од нивните два блока, прво тие вршат тотално анализирање на здружението за тоа да препознаат дали има сателити од спротивниот блок, доколку ги нема почнуваат да пишуваат позитивни текстови за нив, и на тој начин им испраќаат понуда за да се приклучиш, доколку не им ја прифатиш и останаш против двата блока, не се бират средства на пишување против, и бирење начини како тоа да се уништо од корен.
И на крај телевизиите, тие се толку налик една на друга што е просто неверојатно.Како прво на нашите телевезии немате дебатни емисии , освен таму каде што закон се приморани ( ТВ 24, ТВ НОВА), потоа нема забавни емисии каде што народот може да се забавува (исклучок едно шабанерско шоу кое има се, само не забава) па нема спортски емесии каде што може да прати спортски вести.Ние сме една од ретките земји каде што не се емитуват странски спортски лиги, па ако не се кабелските оператори нема ни каде да гледаме спорт.
Нашиве телевизии одат по ист прицип, утринска политичка емисија, мала здраствена емисија, па политички јавувања, во меѓу време по некоја турска серија, каде што стално вртат политички телопи каде што читаме политички пораки, и тука се вестите.
Никако забавна, спортска или образовна програма, значи се се фрла на една карта, политички штелување на својот припадник да биде целосно слеп.Така да ако не се странските тв канали, и ако ги пратиме само нашиве канали ќе полудиме во буквална смисла на зборот.
А можеби е налудничава идеја, но се си мислам сихноризацијата на сериите не е од тоа да се промовира македонскиот јазик или да слушаат оние кои не може да ги читат преводите, туку местото каде што би одел преводот да се искорсти за вртење на телопи со политички пораки што и се случува.Намерно или не, кој знае.
Медиумското перење на мозоци е намерно направено се со цел да се прекрие се негативно што го прават македонските политичари, кои сакаат да ги прекријат своите глупости, и да ги пакуваат во една сосема друга конотација.
No comments:
Post a Comment