Се наоѓаме пред доста значаен и важен момент за Македонија, а тоа е формирање на Влада.Главен град на Македонија е Скопје, летото често знаеме да го прогласиме за главен град и Охрид, но за време пред и пост избори, главен центар на Македонија е Мала Речица.
Таму се договараат сите влади (2006-2008 исклучок) и се одредува правецот во кој ќе се води државата наредните 4 години.Е сега во овие моменти прв пат ДУИ има избор да го бира коалициониот партнер, а не таа да зависи од партијта победничка на изборите.Е ова им нуди и покрај нивниот најкатастрофален резултат можност да остварат многу свои замисли, а пред се да си дела голем дел од тендер колачот.
Е сега сме сведоци на веќе 3 месечното водење на преговори, кои не резултираат со краен резултат нова Влада, но тука пред се целта ми е да го анализирам однесувањето на ДУИ.
Тие играат многу тактички, излегуваат со сто сценарија на преговорите, секогаш даваат "инфромации" од прва рака за преговорите, за да го известеле народот.Но всушност дали тоа е вистината , дали тие овие "информации" ги даваат за да го известат народот ? Одговорот е јасен НЕ. Сите нивни изјави се внимателно сервирани се со цел да предизвикат омраза и борба внатре во македонското национално ткиво и самите Македонци.
Секогаш кога има огин тие даваат бензин се со цел да се разгори а Македонците да си ги вадат очите меѓу себе.Дур Македонците се тепаат меѓу себе, и се делат на 1000 основи, тие добиваат одлични поволни услови на преговарачката маса, се со цел да се задоволат пред се себеси како раководство, а потоа и нивните гласачи.
ДУИ како партија секогаш делува анти-македонски, и секогаш е тука како молотов коктел да го разгори огнот во прав момент кога има тензии помеѓу Македонците.
2013 Талат Џафери, по протестите организирани од македонските родољуби кои беа разбиени, истепани од својата полиција, со огромен број казни, тие организира многу помасовен протест на поддршка со инциденти кои на крај поминаа без казни.Покажаа кој е главен.
За време на бомбите, поставуваат двоглав орел во момент кога тензиите кај Македонците беа на врв, да ги распламнат уште толку, потоа крстот на Бутел, неговото насилно кршење на верски објект, a Македонецот e поделен, и дозволува ДУИ да го владее.
Примери од таков вид се над илјадници, каде ДУИ како поранешни структури на УЧК предизвикуваат вжештување на конфликтите во Македонија за нивна корист.Тука да ги напоменам и Кале, Нерези, инциденти по автобуси, случајот Монструм и.т.н.
Ваквиот начин на владеење е веќе добро објаснет во колумната Раздели па владеј, која е напишана во весникот Реванш.
Во нормална држава ДУИ би била забранета како партија која делува против државата, но во Македонија тие владеат, а сигурно нема да се забраниш самиот себе.
Затоа треба да размислиме и да почнеме да делуваме како да спречиме овој тумор на државата, кој не дозволува единство на Македонците, и напредок на Македонија како држава, да го отстраниме еднаш , засекогаш.Пред се нашата борба е борба токму против ова зло со име Демократска Унија за Интеграција, и рамковниот договор.
No comments:
Post a Comment