Eл Салвадор, споменувањето на името на оваа држава алудира на пропаст, на бандите кои се распространети низ улиците, дрога, криминал, пропаст, држава која е без просперитет, иднина, држава која е хорор за живеење, но тоа полека станува минато за Ел Салвадор, а тоа се должи на новата промена таму, која од корен ја промени сегашноста а допрва ќе ја обликува иднината на Ел Салвадор.
А како дојде таа промена, како за кратко време Ел Салвадор се промени од корен, одговорот е многу јасен, спроведување на права идеологија и на силен авторитарен систем во името на Наиб Букеле, државник кој со неговото доаѓање на власт стави крај на сите банди и антидржавни елементи и со неговата работа, чесност и посветеност го издига Ел Славадор како држава.
Наиб Букеле самиот не крие дека е авторитативен десничарски лидер, како што е познат и како најкул диктатор, човек кој со цврста рака изврши тотална промена и револуција во својата држава.
Левичарите и нивниот најголем портал во светски рамки веќе го прогласија Наиб Букеле за фашист, поради идеологијата која ја спроведува, сепак таа е реално микс од фашизам и некој негови лични убедувања, идеологија позната како букелизам (сепак основните начела на успехот се фашистички).
Букеле направи потрес со неговата изјава дека абортусот е геноцид врз човештвото, како и на негово спротиставување на истополови брачни заедници , потоа се залага за тотално да запре емиграцијата на луѓе од негоавата земја во САД со спроведување на силни економски политики да го подобри животниот стандард на земјата.
Букеле исто така е верник во Бог, но не е припадник на некоја религиозна заедница.
Наиб Букеле како претседател започнува да ја спасува својата земја од бандите кои предходно тотално ја окупираа , кои за помалку од 30 години убија повеќе од 120.000 чесни, вредни луѓе, тероризирајќи го населенито на таа држава.
Без никаков страв решително им објави војна на бандите и за само осум месеци го изгради најголемиот затвор во Латинска Америка „Мегакарсел“ во кој беа сместени 40.000 луѓе.Започнува битката со нив, да ги лови и да ги става во затвор.
Ги менува законите и ги продолжува казните за овие луѓе никогаш повеќе да не бидат на улица. Ги става во тешки услови без перници, душеци, метални полици наместо кревети, а во една ќелија ги става ривалските банди кои се борат надвор за територија. За најопасните има подготвено ќелија без светлина од бетон. Ги храни само со ориз и ги лишува од секаков контакт со надворешниот свет.
Тоа беше причина разбојниците да се закануваат дека ќе почнат неселективно да го убиваат народот, на што тој возвраќа дека ќе ги остави без храна на заробените 60.000 нивни браќа.
Букеле беше првиот што зборуваше за правата на жртвите, а не за правата на криминалците. Дури и ги обезличува нивните надгробни споменици бидејќи се испишани со мафијашки иницијали, кои се забранети со закон.
На прашањето зошто ги хранел само со ориз и им го одзел пилешкото, тој одговорил:
„Прво треба да им дадам на децата, потоа на трудниците, па на постарите, на уличните кучиња и на крајот, ако остане нешто, ќе им дадам на криминалците.
Од една од најопасните земји во светот, Ел Салвадор почнува да станува една безбедна држава.
Убиствата од 4.000 годишно се намалуваат на 400 и нивниот број сеуште драматично се намалува, среќата на луѓето во самата држава е преголема што е осведочена од солзите радосници на народот кој живее таму, а држатава која има име Спасител, конечно го доби својот спасител кој ја спаси од ноќната мора и хоророт во која таа држава живееше со децении.
Значи можело ,а у нас елате да видите в Казанлък дивите мангали кви боища си спретват
ReplyDelete