Будењето на младината е неколку пати потенцирано дека е иднината која е потребна на Македонија, тоа што радува е што полека дел од младината се пробудува и е на пат да стане будна и да го брани и чува својот дом и да ја гради својата татковина.
Најновиот пример и знак на надеж во црнилото е Берово, овој непокорен мал македонски град, град во кој започнаа првите борби за ослободување на Македонија, кое иако толку мало дало толку многу херои со кое немат прилика да се пофалат и многу поголеми градови од него.
Беровската младина е најдобар пример за тоа дека крвта вода не бива, па повторно тоа Берово, славно Берово е примерот за тоа како треба да се бориме за Македонија, токму во Берово започнува будењето на патриотизмот и воскреснување на националниот дух, на државната городост, во град кој поради чумата на иселување се соочува со тешки периоди на преживување, Берово повторно ја покажа својата големина и сила како град.
Првиот гест на младата беровска младина беше цртањето на мурал за луѓето кои ја започнаа борбата за Македонија, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп - Георгиев Беровски, графит со порака НЕПОКОР, иако причината за негово креирање е со навивачки мотив, сепак националниот чин е најзначаен.
А дека не се работи за изолиран чин е доказ муралот кој е посветен на бранителите кои својот живот го дадоа за Македонија од Берово, покажувајќи пример на сите како треба да се ценат, почитуват оние луѓе кои го дадоа својот живот за нас , да ние денес сме живи, хероите од нашето време кои ја испишаа новата страница од славната македонска историја со својата саможртва.
Токму овој чин е уште еден доказ дека токму од најмалите средини започнува менталната револуција, обновувањето на малите убави македонски градчиња, македонското село ќе биде почетокот на враќањето на македонската гордост и македонскиот непокор за издигнување на татковината, за нејзино разубавување и градење на силна македонска држава.
Секогаш мракот е најголем и најцрн пред зазорување, а токму сега е најмрачниот период од нашето живеење, темнина во која луѓето губат надеж, но токму позади таквиот мрак се крие најсилното сонце на слободата, а тоа сонце дали ќе изгрее зависи исклучиво само од нас.
No comments:
Post a Comment