Република Мариово, првично кога ќе се прочита насловот некој ќе помисли дека се работи за идеја за некоја шала или за повикување на отцепување на дел од Македонија, но всушност тоа е нашата иднина ако не се светстиме што побрзо и ако не ги превземаме соодветните мерки, веќе доцниме и тоа дебело но подобро да доцниме и да почнеме, него само мирно да си ја дочекаме оваа судбина.
Како што пишував веќе името не е идентитетот, т.е. не името на државата, идентитетот се луѓе, обичаите, традициите, песните, генерациите кои доаѓаат, тоа е македонскиот индетитет, а ако ние тоа го изгубиме тогаш сме ја изгубиле Македонија како татковина засекогаш и македонското со неа.
Патот по кој сме тргнале е од Македонија да направиме Мариово, празни куќи, улици, села, училишта кои се распаѓаат, немање на детски џагор, ние со нашиот идиотизам и низок IQ како колектив решивме да станеме Мариово, па тоа име и најмногу доликува на нашата држава, Република Мариово, име на празнина, на напуштање на своите огништа , на очај, на безвредност.
Дали самите ќе си дозволиме таква судбина, дали распаѓањето ќе стане нашиот идентитет, дали место нашите песни, нашите ора, нашите приказни ќе имаме тишина пострашна од смрт, што ќе оставиме ние како генерација Македонци во иднината, историјата ги пишува делата на нашите предци, но како историјата ќе ги запише нашите дела, дали нашите дела ќе бидат оние кои ќе ја избришат цела историја пред нас, бидејќи славната историја живее само ако има генерации кои ја продолжуваат, а ако тоа го снема, како што самите правиме да се случува, тогаш таа славна историја ќе биде избришана, ќе стои по некој полици со книги кои фаќат пајажина, книги кои ние самите ќе би обезвредниме како Македонци од овие поколенија.
Сите пејачки, сите знамиња кои се веат на собирите на Македонците во дијаспората се само ефтин начин на перење на сопствените гревови кон татковината, демографијата е единствена политика константа на овој свет, а ако си допринесол демографијата на Македонија да опаѓа, ако нејзините чеда си ги одселил на друго место, тогаш твојот грев кон Македонија е преголем и со македонски вечери , со коментари по социјални мрежи не го менуваш, џабе е знамето, џабе се песните кои ги пееш, кога ти без борба си им свртил грб и си допринел тоа нашата мила Македонија да стане суровото Мариово.
No comments:
Post a Comment