Thursday 28 December 2017

Театар Собрание

Многу пати до сега имам напишано дека македонското собрание е циркус меридано, што најверојатно е една претстава,  од театарската понуда на овој театар.
Во Македонија најдобар театар не е ниту МНТ ниту Драмски, туку театар Собрание.
Картите се секогаш распродадени, а глумата на највисоко можно ниво.
Најдобрите глумци на едно место.

Сегашната театарска претстава наречена Бојкот е во тек.
Кое е драмскосто дејствие на оваа претстава.

Македонија се наоѓа во небрано, сака влез во ЕУ и НАТО, и се потребни промени, донесување на закони за кои сегашната опозиција вети дека ќе ги блокира.
Како сега да се изигра и овците на број и волкот сит ?
Едноставно, започнување на процес против таканаречените уставобранители во сред зима.
Ладно време за протести, што значи нив ќе ги нема.
Идеална причина за бојкот на опозицијата.
А до тогаш течат преговорите, судењата, а власта неоптоварена од опозицијата си ги носи потребните закони, како и ратификација на договорот за добрососедство.
И опозицијата ќар, наместо да блокира таа ги прескокнува законите кои и таа самата мора да ги изгласи, со што ќе излезе со чисти раце пред своите гласачи, ем не гласале за тие закони, ем се донесени според нивната и меѓународната агенда.Или се враќаме пак на погорниот дел од текстот, и волкот сит и овците на број.

Опозицијата избра нов лидер, со што сите во минатото грешки им се бришат и почнуваат од ново.
Не ја напаѓаат повеќе власта со недолични имиња на нивната партија, а воедно и заборавија дека луѓе кои тие ги прелажаа, уставобранитлите лежат во затвор, повеќето ниту виновни, а уште помалку терористи.
Уставобранителите ќе испаднат најголеми жртви на овие преговори во кои целта е да се спасат главите на режимските лидери од претходно.

И СЈО ќе почне помалку да ги гони на режимците, ако забележавте дел од обвиниата веќе се одбиени, а за Тортура е ослободен главниот обвинет од обвинението.

Законот за јазици е сега на тапет, со што има две можни солуции, опозицијата да го преспие и него и да се врати (доколку треба да е донесен)по неговото изгласување или да се врати веднаш и да го спречи (доколу не треба да е донесен).
И пак овците на број, а волкот сит.

После ова мислам повеќе е од јасно, зошто МНТ и Драмски, немат шанси со театар Собрание.




No comments:

Post a Comment