Граѓаните кај нас се учени за се, а една од најважните традиции за којa се подготвуваат се бадникарските огнови.
А какви се тие Бадникарски огнови ? Што тие претставуваaт ?
Прво тие никако не се од религиски побуди, бидејќи не може да го очекуваш раѓањето на спасителот за време на најстроги пости, а да се опиваш со алкохол и ждереш месо.
Тоа е навреда и за спасителот, во чие име се повикуваат оние кои ги палат огновите.
Самото тоа во две реченици го објаснува фактот дека името божје се злоупотребува за вршење на се спротивно од тоа што не учел, ја покажува само бедата од човечност која живее кај нас.
Зарем Бога во сред строги пости, ќе ги прифати овие обичаи за славање на доаѓањето на неговиот син, со опивање, јадење ???
Ако сакате да го одбелижите овој ден, тогаш земете и помогнете на некој на кој таа помош им е потребно, наместо пари за месо и алкохол, донирајте ги на тие што се најпотребни.
Второ оние кои слават со изговорот, поповите возат ферари, ние ќе палиме огнови.
Попот е човек и грешник, ако тој е грешник и се огрешил, треба и ти тоа да го правиш ??
И ти и попот со ферарито, ја злоупотребувате религијата за исполнување на ваши хирови, со што сте исти, само што тој прави пари, а ти гнасиш празник.
Третите кои се повикуваат на некаква си традиција, дали знаат да кажат кој и како ја донел таа традиција на овие територии ?
Дали таа традиција е донесена за време на окупирана Македонија ?
Зошто Македонците во Егејот и Пиринот не палат огнови, ако е наша традиција ?
Палањето на огновите на жал ни покажува дека иако воено не сме, сепак духовно продолжува окупацијата на Македонија.
И за крај многу самопрогласени големи Македонци, го бунтуваат народот против црквата, одработувајќи за една друга црква која го има донесено и проширано овој обичај на нашите огништа, црква која не ја признава нашата црква, кои не ја признаваат нашата нација.
Е тие луѓе се главни бунтари да го креват народот против се што е Македонско, за под паковката Македонија, да го поробуваат духовно својот народ.
Затоа СТОП ЗА БАДНИКАРСКИТЕ ОГНОВИ , и злоупотребата на религијата за себични цели.
Бидејќи тие не се ниту христијански а уште помалку македонски обичај !
No comments:
Post a Comment