После некое време повторно се решив да напишам текст, а овој пат да ја опфатам можеби најболната и темата поради која сме на дното, погрешното сфаќање на поимот Држава, и што тоа всушност е.
Македонецот постојано коментира : Што направи државата за мене.Ништо. Затоа ќе заминам од неа и баш ми е гајле.Македонија не ме заслужува, и коментари во стој стил.
Но за огромна жалост , истите тие се најголемите ИДИОТИ и ГЛУПАЦИ кои мајка може да ги роди.
Прво два основни податоци, еден логички друг научен.
Логичкиот е доста едноставен : Државата ја сочинуваат сите државјани кои живеат во неа, и тие како една целина се држава.Значи државата си самиот ти - идиоту.
Вториот научен е - За да има реакција, мора пред тоа да има акција.
Што би значело, ако очекуваш нешто од државата како корист, тогаш нешто си требал да направиш за државата тоа да ти го овозможи.
Или во превод, ти не правиш ништо за државата, а очекуваш од неа брда и долини.Или уште попросто, ти си ПАРАЗИТ и КОМУНИСТ, човек кој сака да ја цица крвта на својот народ, за свое самозадоволување.
И така незадоволен од државата ќе одиш да живееш во странство, каде ќе велиш еее државата прави за мене се, само со факт таму народот прави милион акции во корист за државата, за разлика од тебе паразиту кој чекаш се на готово.
А како тоа да се промени и како да добиваме благодети од државата.Одговорот е едноставен, со АКЦИЈА и БОРБА за својот народ и земја.
Борба против системот кој е поставен на тој начин да ја злоупотребува државата за своја лична корист, за богатење на мал круг на луѓе, дур нацијата тоне во сиромаштија и беда.
Едуцирај се самиот себеси, читај политичка и забранета литература, вложувај во својот интелект најмногу што можеш, протестирај, не дозволувај да бидеш газен од олигарсите.
Не биди партиски пиун кој чека во партиски штаб за вработување, самиот бори се да се вработиш, ако можеш да почнеш свој бизнис, да бидеш свој на своето.
Кога државата ќе сака да ве уништи сите што работите самостојно, организирајте се и спротиставејте се заедно, бидејќи они можат да уништат една птица, но цело јато кое се бори заедно не.
Не биди слеп кога се донесуваат закони штетни за државата, како законот за јазици, закон за амнестија на злосторници и.т.н.
Излези на улица и спречи ги на паразитите да ја цицаат твојата и крвта на државата.
Самата борба во која ти се бориш за државата, всушност е борба во која се издигнуват самиот ти како личност, како поединец, се изградуваш и возвишуваш со секој твој акт, дело, акција, до степен во кој нема да ти биде потребна државна помош за ништо.
Самото градење на државата е всушност градење на самиот себе, каков си ти како личност, таква ќе е и твојата држава во која живееш.
Ако си храбар и одлучен, пожртвуван и спремен да се бориш до крај, таква ќе е и Македонија, а ако си кукавица која само плаче и бара државна цицка да цица како паразит, тогаш ќе си добиеш таква паразитска држава.
За на крајот кога ќе ја изградиш државата, ќе сфатиш дека таа не треба да ти дарува тебе ништо, туку дека ти си тој кој треба на државата да даде се.
За државата се, од државата ништо, за силна држава, за силни поединци !
Тука вреди да се наведе и „Не се прашувај што твојата земја може да направи за тебе, прашај се што ТИ можеш да направиш за неа“ на Џон Кенеди. Инспиративен текст. Само напред.
ReplyDelete