Во овој период главна вест на светските медиуми е "референдумот" за независност на Каталонија од Шпанија.
Овој референдум е противуставен и со самото тоа невалиден.
Ќе почнам со цитат од колумната Фалангизам од вториот број на Реванш во кој многу добрo беше опфатено и прашањето за сепаратизмот :
Шпанската фаланга цврство верува во Шпанија.Шпанија не е само теорија.
Ниту заедница на мажи и жени.Шпанија е, пред се, единствена судбина.Историска реалност.
Тоа е суштината на самата вистина која знаеше како да се исполни и мора да продолжи да ги исполнува универзалните мисии.
Како резултат на тоа, Шпанија постои : како нешто мистериозно за било кој поединец, класи и групи кои ја сочинуваат, како нешто супериорно во односот на тие поединци, класни групи, па дури и од сите нив заедно.
Така, Шпанија која постои како супериорна и мистериозна реалност, која мора да има свои цели.Тие се следните : опстанок на сопственото единство, воскреснување на внатрешната сила и надмоќното учествување во меѓународните духовни подфати.
За да се постигнат овие цели, Шпанија се соочува со големи пречки.Таа е поделена на: Локалните сеператисти, ривалството помеѓу политичките партии и класната борба.
Сеператизмот не ја разбира (или ја игнорира) реалноста на Шпанија.Тој не знае дека Шпанија пред се е, една голема единствена судбина.
Сеператистите се разликуваат по тоа дали го зборуваат истиот јазик, дали имаат исти расни карактеристики, дали нивната провинција има сопствена клима, или пак посебна топографска физиономија.
Но, уште еднаш да се повтори, нацијата не ја одредува истиот јазик, ни истата расна припадност, ни па истата територија.Нација ја одредува единствената судбина на универзалниот план.Таа е единствена судбина од секогаш се викала и се вика Шпанија.Под знамето на Шпанија ја исполни својата судбина - воден од општ план - народот кој ја сочинува.Ништо не може да го оправда растурањето на таа величествена заедница, творец на светот.
Политчкие партии ја игорираат единственоста на Шпанија затоа што тие истите ја гледаат од аспект на делумен интерес.Некој стојат десно.Други стојат лево.Да стоиш така пред лицето на Шпанија значи да ја искривиш вистината за неа.Тоа е како кога би ја гледале со кривоглед само со десното или со левото око.
Убавите и величествени дела не се гледаат од страна , туку единствено со широко отворени очи.Не со делумен, партиски поглед, кој самиот по себе го искривува предметот на набљудување.Туку со тотално, Татковинско гледиште кое го вклучува целиот поглед и ги корегира недостатоците на нашата слика.
Ова е само мал изводок кој конкретно се однесува на ова прашање кое го обработувам.Колумната во Реванш опфаќа многу повеќе од тоа.
Многумина незапознати ја поддржуват независноста на Каталонија без да знаат каква штета може да направи тоа на Македонија.
Прво како што реков самиот референдум не е легален и е организиран исто како еден референдум во нашата земја оддржан 1992 година.Ако му даваме легалност на референдумот во Каталонија, си пукаме во здрава нога.Самото тоа дава легимитет на референдумот за Илирида.
Второ доколку поддржуваме прголасување на држава како Каталонија, го поддржуваме и проласувањето на Илирида во Скопје во 2014 година.
Многу често Каталонија се споредува со Косово што е споредба која доаѓа од незапознаеност.
Токму поради Шпанија, Косово не може да преоговара со ЕУ и да добие потполна легитимност од Унијата, токму Шпанија е браната која не дозволува Косово да добие целосна легитимна признаена незвисност во светот.
Исто така Шпанија е земја која во ЕУ е најголем противник во создавањето на паралелна трета албанска држава на македонска територија.Колкумина се запознети со тоа ???
Сепаратисти се сепаратисти без разлика дали се Каталонци или Албанци.
Единствени кои имаат држава а дават поддршка на независна Каталонија се Албанците.
А зошто се најголеми поддржувачи има повеќе причини.
Прва дека Шпанија е главниот играч кој се бори против независноста на Косово во ЕУ.
Второ успевањето на Каталонија дава правна легитимност на создавање на трета држава а тоа е Илирида во Макеоднија, а воедно и се дава потполона правна легалност на независноста на Косово.
Или просто кажано : Независна Каталонија = Победа на Албанците.
Во продолжение за уште една споредба а тоа е Каталонците со Македонците.Исто така сосема погрешна.Каталонците никогаш не воделе вооружена борба за својата независност, колку и да звучи како излишна фраза, независност се добива со леење на крв а не мастило.
Македонците дадоа премногу жртви и учествуваа во многу воени конфликти за да добијат своја независност.Па нема да е погрешно ако се дојде до заклучок дека Каталонците и не заслужуваат своја држава.
Токму поради овие причини и пред се поради опасноста со која и самите се соочуваме од сеператизмот во Западна и Северна Македонија, треба да дадеме целосна поддршка на целовита и унитарна Шпанија.
No comments:
Post a Comment