Monday 2 October 2017

Борба

Секој од нас одбира свој пат по кој ќе се движи во животот, пат кој би требало да го следи верно до крај, животен пат по кој треба верно да одиш без ниту во еден момент да се поколебаш.
Човекот како битие треба да се бори, бидејќи токму преку таа борба тој се гради себеси како личност и живо битие.Ако човекот нема своја борба, нема свој зацртан животен пат, своја цел, тогаш тој е жив мртовец.
Кога ќе тргнеш по својот пат најчесто ти тргнуваш со група на луѓе со кој имате исти мислења, исти погледи и сфаќања, иста завршна цел.
Сепак не секој од нив останува доследен на својот пат, доследен на својот идеал и борба, па често го напуштаат својот пат при одредена кривина, целосно или делумно ја изменуваат крајната цел.
Кога ќе видите дека сите го напуштаат вашиот пат и вие останувате сам, тогаш воопшто не се поколебувајте и не одете по останатите, не следете каде одат луѓето туку следи го до крај својот идеал, бидејќи идеалот е над се.
Борбата до крај за тоа што го сметаш за свето и вредно вреди повеќе од секој поединец, од секоја група во која си бил дел, бидејќи доколку таа група вредела ќе била доследна на идеалот и никогаш немала да го смени или издаде својот идеал.
Идеалистот е човек кој има гордост, за кого зборот ЧЕСТ не е само збор празен во речникот, туку е основен животен принцип кој нема да го извалка во ниту една прилика, без разлика колку е очаен и во тешка положба.
Одењето по трнливиот пат и болката која може да ја почувствуваш дур одиш до крајната цел, не треба да те поколебат, напротив да те мотивираат, бидејќи ако ја победиш оваа болка, предаството, разочарувањето и горчината од можните порази само ја надоградуваат твојата личност и те прават повреден и посилен.
Челичење на твојот карактер по сите разочарувања и порази се всушност најголемата победа која може да ја извојуваш, победа еднаква на достигнување на крајната цел која си ја зацртал во својот живот, бидејќи само со челичење на карактерот ти стануваш подобар и похрабар борец во борбата наречена живот.
Секој сам го одбира својот пат, а ние кои го одбравме патот на очајната љубов мора да го изодиме до крај, непоколебливи и достојни на светиот идеал, храбри и непоколебливи воини на една идеја, идеја за која вреди  да се положи и својот живот.

Бидејќи нашите знамиња се црни како смрт, нашата душа е бела како светлина, а нашата одмазда е нивниот кошмар.

No comments:

Post a Comment