Кирил Борисов Дрангов
е револуционер и виден деец на ВМРО.Псевдоними кои ги користел и по кој бил
познат се Борисов, Камен, Методи, Страхил.
Кирил Дрангов е роден на 15 Јули 1901 година во семејството
на Борис и Рајна Дрангови во Лом, каде што бил распореден неговиот татко.
Како ученик е доброволец во Првата светска војна, во која
што загинува неговиот татко.Завршува прва Софијска машка гимназија во 1919
година, а во 1921 година е на правниот факултет на Софискиот универзитет.
Влегува во редовите на ВМРО а е и еден од основачите на
студентското друштво “Вардар”, за да подоцна стане и негов претседател.Ги прекинува неколку пати
студиите поради болест и својата револуционерна дејност.
Посетува предавања во Гренобал и Инсбурк.Завршува во 1928
година.
Во ВМРО станува еден од најблиските дејци на Ванчо
Михајлов.По убиството на Тодор Александров учествува во серијата на атентати и
победата над левицата во познатите Горноџумајски настани во септември 1924
година, кога на 12 септември го застрелува на Алеко Василев, а во последната
престрелка се убиени уште Георги Атанасови и други нивни следбеници.
На шестиот конгрес е избран за пунктов началник на
организацијата во Софија.Дрангов е одговорен за меѓународните контакти на
организацијата во подготовката на многу од терористичките акции.Дрангов
раководи со убиството на генерал Александар Протогеров во 1928 година.На осмиот
конгрес на ВМРО од 1932 е избран за резервен член на Централниот комитет.По
Деветнаесетмајскиот преврат во 1934 година и забраната на ВМРО е одведен во
Лом.Ослободен е во 1936 година за да биде одведен наредната година во Севлиево,
а во Октомври 1938 година во Борисовград.
Во Април 1941 година Дрангов се враќа во родниот град на
својот татко Скопје, каде што се преселува со своето семејство и ја унапредува
својата адвокатска кариера.Но по Септември 1944 година со повлегувањето на
бугарската војска се враќа во Софија.
По Деветосептемврискиот преврат, Кирил Дрангов се крие во
Софија, по потерата на новата власт на членовите на ВМРО.
Во Јуни 1946 година во куќата на Дрангов на улицата “Цар Иван Шишман” 37 – позади црквата “Свети Седмочисленици” е опкружена.Тој дава отпор
на неговото апсење при што убива 6 агенти на комунистите, пред да реши да
изврши самоубиство и со тој чин да го спаси своето семејство од комунистичката
репресија.
Гробот во кој е закопан сеуште не е познат.
Неговите деца, синот Борис и ќерката Рајна и ја продолжуваат
активно дејноста на нивниот дедо и татко.
No comments:
Post a Comment