Како што веќе пишував уште на самиот почеток во блогот, а во главно деталите зошто не треба да се воведе било каква двојазичност на цела територија или таму каде што заедниците се над 20 %.
Ова ќе води до федерализација наивно и неприметно за период од 5 до 20 години, зависност од тоа колку нашите политичари се спремни да се пазар или ќе имат потреба од пазарење за да се на власт, односно најмногу ќе влијаат изборните резултати.
Промените кои се спремат најверојатно ќе поминат скришум, со мал очаен отпор во обид на опозицијата, но има шанси и да дадат голем отпор ако проценат дека им носи победа на избори, но тоа не значи ако тие се принудени да се пазарат кога ќе станат власт нема да го прифатат истиот закон.
Почетокот на промените е фактот што за македонистиката односно науката за македонски литературен јазик се издвојува 0 денари, а фондод за албанистиката во буџетот се зголемува и е во постојан раст.
Сепак народот на жал не е спремен и премногу политички поделен да се бори против партиите и да се самороганизира против овој закон кој е вовед во идна федерализација.
Со решавање на косовското прашање цела енергија на албанскиот фактор ќе биде насочен кон поделба и зимање на поголемо парче територија од Македонија.
Во линк ја имате колумната напишана пред точно 5 месеци и најавата како тоа може да се исполни и што тоа значи.
Вистината за двојазичноста
No comments:
Post a Comment