Првиот судир започнува на 20 јуни. Инцидентот се случува кога четворица полицајци од станицата во Радуша, за време на теренска патрола наидуваат на 40 терористи вкопани над селските гробишта, во подножјето на планината Жеден. Полицајците веднаш отвориле оган врз припадниците на ОНА кои во тоа време се одморале. Според извори од МВР во пукотницата бил убиен еден терорист, а еден бил ранет.
Терористите жестоко возвратиле на огнот, при што полициската патрола се повлекла од местото и повикала хеликоптерско засилување по радиоврска. Во 19.10 часот хеликоптерска единица на АРМ ги разбила терористите и ги принудила на повлекување.
Откако припадниците на ОНА биле натерани на повлекување, на местото каде што се случила престрелката се пронајдени неколку шатори. Според сознанија на полицијата, местото било користено како камп за обука, каде што припадниците на ОНА се обучувале, а потоа биле префрлани во кризните реони на Куманово и Тетово
Втората престрелка е три дена потоа на 23 јуни во близина на Радуша се случува еден од најдраматичните поединечни судири за време на воениот конгликт од 2001 година, кога патрола на македонската полиција при извршување на редовна контрола на граничниот појас е нападната од заседна поставена од припадници на ОНА. Полициската патрола е предводена од командирот на полициската станица во Радуша, Ацо Стојановски.
Терористите испукуваат ракета од РПГ рачен фрлач Зоља кон полициско возило Југо 55, која благодарение на брза реакција од страна на возачот Трпевски Зоран, удира во тркалото на возилото. Втората испукана граната се експлодира во багажникот на Југото, при што возачот и командирот Стојановски се исфрлени од возилото во амбисот према коритото на река Вардар, додека третиот полицаец од патролата, Киров Д., кој седел на задното седиште се здобил со изгореници во горниот дел на телото и од експолизјата бил фрлен на подот помеѓу седиштата.
Полицискиот командир Стојановски губи сознание, но се буди по неколку рафали испукани од позициите на ОНА кои полека се приближуваат кон автомобилот во којшто се наоѓа ранетиот Киров. Тој прво му ја преврзува отворената рана на полицаецот Трпевски, и потоа со автоматската пушка која ја има до себе се искачува до врвот на амбисот кон возилото. Кога лоцира од каде доаѓаат напаѓачите, почнува да пука кон нив. Откако испразнува два шаржера, Стојановски ползи кон изрешетаното возило, го извлекува Киров, двата други автомата, како и ранците со муниција и го носи кај другиот ранет полицаец. Од таа позиција Стојановски стрела од трите автомата кон терористите, не давајќи им да се доближат. По 40 минути доаѓаат оклопни возила на АРМ од караулата Радуша кои ги евакуираат полицајците кон полициската станица.
Главните судири започнуват помеѓу 10-13 август 2001.Тогаш група на припадници на ОНА заедно со КЗК (Косовски Зашитен Корпус, формирана по завршувањето на војната во Косово од силите на ОВК како (не)официална армија на Косово).
Во раните утрински часови на 10 Август 2001 година започнува офанзива на ОНА од територијата на Косово насочена врз реонот на Радуша. Офанзивата се случува за време на примирјето пред потпишувањето на Охридскиот договор. Првите борбени дејствија започнуваат во 20 часот вечерта со минофрлачки напад врз полициската станица во Радуша. Во станицата во тој момент се наоѓа само еден вод од триесет и пет полицајци. Во истото време биле нападнати и позициите на АРМ кај месноста Чашка. Терористите го извршиле нападот врз безбедносните сили од минофрлачки позициите во косовските села Кривеник и Горанци. Безбедносните сили возвратиле на огнот, и престрелката траела до 2 часот наутро. Еден час подоцна, ОНА почнува нов напад кој трае до 8 часот изутрината, и е одбиен од страна на припадниците на безбедносните сили. Во нападот, од шрапнели бил повреден еден војник кој се здобил со повреди во колкот и во раката.
Според информациите од Управата за безбедност и разузнавање нападот бил извршен од страна на 600 до 700 припадници на Косовскиот заштитен корпус, кој во текот на ноќта, од правецот на Кривеник на косовска територија, се префрлиле во Радуша. Според информации од Управата, планот за агресија од Косово врз секторот Радуша не се ограничувал само на тие дејствија, туку со ангажман на поголеми формации на КЗК било планирано да се заземе изворот Рашче и да се предизвика хуманитарна криза во главниот град на РМ
Во Министерството за внатрешни работи веднаш се прогласува мобилна состојба и утрото на 11 август 2001 итно во реонот на Радуша е испратена Единицата за специјални задачи "Тигaр". Специјалците имат задача да се пробијат до полициската станица и оттаму да ја извлечат загрозената единица, но заради силниот оган и веќе воспоставениот обрач од многубројниот противник тие се вкопуваат на позиции во непосредната близина на Радуша. Во меѓувреме, од утрото до околу 11 часот се засилува влегувањето на единици на КЗК по истиот правец од Косово.
Министерот за внатрешни работи и премиерот Љубчо Георгиевски веднаш побарале акција од Министерството за одбрана и армискиот врв, неопходни и вообичаени при едно вакво загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет. Но во тој период на објавено примирје Председателот Трајковски, како врховен командант на Армијата бил концентриран на постигнувањето на политичко решение во преговорите, и не сакал да поведе акции кои би довеле до ескалација. Во тој момент не функционирала дури ниту специјалната воена линија меѓу премиерот и Генералштабот. Додека полициски функционери се обидуваат да издејствуваат акција на армијата, опкружените полицајци во Радуша биле препуштени сами на себе, соочени со повеќе од десет пати поброен непријател
Откако првите напади на ОНА се одбиени, следниот ден (11 август) терористите го започнуваат најсериозниот напад врз безбедносните сили во скопскиот регион. Колона од двесте терористи прво со минофрлачки, снајперски и автоматски оган ги нападнаѓа граничарите од караулата Радуша, лоцирана меѓу селата Кучково и Радуша. Паралелно со нападот врз караулата на АРМ почнува и нов напад на опколената полициска станица. Две колони на терористите ја напаѓаат полициската станица во Радуша - едната од правец на кампот за бегалци, а другата по долината на реката Вардар од месноста Висечки Мост, додека трета колона форсирала по должината на земјениот пат што води од Радуша кон границата со Косово. За време на жестоките борби е запален склад со нафта во касарната, а терористите се доближиле толку многу, што почнуваат да ја сечат мрежата од оградата на касарната. Македонските граничари ги одбиле сите напади во реонот на караулата, а очевидци тврдат дека виделе како терорисите повлекуваат тела на десетици мртви и ранети. На другите делови од боиштето полицајците исто така ги одбиле нападите.
(хероите кои ги одбранија позициите на Радуша)
No comments:
Post a Comment