Можеби до некаде ќе беше и сфатен, доколку истиот автор не беше од групата која во своите влажни соништа сонува за реинкарнирање на СФРЈ.
Најверојатно ако сонуваш за Македонија си националист и болен, а ако сонуваш за Југославија подобоен и напреден.
Како прво Национализмот не е болест, туку напротив лек против болеста наречена асимилација на една нација.
Национализмот се јавува како одбранбен механизам со кој културата се брани од влијанија на другата култура.
Најнапредните општества во светот се оние кои имат силен набој на национализам како пример САД, Канада, Израел, Нов Зеланд, Јапонија и други.Тие имат силен национализам во своите државни институции и нивните земји се на прво место.
Има и земји каде има негативен национализам, односно национализам кој е лажна фасада да се прикире не доброто работење како Северна Кореја, Венецуела, балканските земји и.т.н.
Затоа прво научете што е национализам, па потоа коментирајте дека тој е болест.
Повеќе на тема национализам на овој линк од Национална Борба
No comments:
Post a Comment