Во овие денови тешко е да се напише некоја дума која ќе има значење, идеи за текстови тони, но ниту еден соодветен за моментот, ниту еден погоден за предаството кое ни се случи пред 4 дена.
Колку и самиот психички да се припремав и да знаев дека тој момент ќе дојде, сепак внатрешно сеуште тлееше надежта дека тоа нема да се случи, дека во последен момент името ќе биде спасено, но попусто.
Самиот ден кога се објави дека БЕСА ги прифати условите на работа ме пресече имплусивно, ниту работев, ниту имав воља да правам било што.
Доаѓањето дома мачно, седнувањето пред компјутер дур телевизорот ги одбројува последните часови од предаството болни, болат во недоглед.
Објавувањето на одлуката и дур предавниците се радуваат, тебе ти се срушил цел свет, едноставно понижен и засрамен до безконечност, без никаква воља да продлжиш со секојдневните активности.
Започнуваш кавга со твоите дома, обвинувајќи се околу тебе поради нивниот кукавичлук и сведувањето на борбата за некакви два табора како лажна, дека постои и трет табор и борба, а тоа е за Македонија.
Едноставно за да не се убиеш дома со своите излегуваш со другари, а со нив не изустуваш ни збор, си упатувате празни погледи знаејќи дека во моментот сите го преживуваат тоа што го преживуваш ти, празнина, бес, гнев и желба во моментот да убиеш човек без око да ти трепне.
Доаѓа единствениот кој не е заинтересиран ни за политика ни за име, сака да внесе ведрина, но еднотавно не може, и него го прифаќа истото чувство кое го чуствуваат и останатите на маса.
Еден час на маса, без да се испушти збори, празно гледање во маса, со коментарот, фаќај магла дур е време и да не снема од оваа пустелија и од овој предавнички/куквавички народ.
Доаѓење дома, безсоница која те тера на размислување , што , како понатаму, дали ова може да се спречи , да се поврати се од ново, што може да се спаси, дали да ја напуштам татковината засекогаш, загатки тони , одговор ниту еден.
Ама затоа се раѓаат идеи за тон текстови, кои ќе следуваат во иднина, но дали тоа ќе покрене нешто или ќе остане се по старо, кој знае.
Ехххххххх , а со малце храбост, прави лидери и запознавање на самиот себе, ќе беше се поинаку.
No comments:
Post a Comment