Полека но сигурно се одбројуваат и последните часови до најголемото предаство во историјата на Македонија, промената на нејзиниот устав и прифаќањето на грчките барања и албанските сеператистички тенденции во уставот.
Ова не ќе беше возможно без поддршка од петоколонашите и лажните отпораши и противници, за кои е пишувано на блогот, но тоа е веќе минато.
Македонија утре ќе биде фрлена на колена, ќе падне толку силно што многумина ќе сметаат дека тоа е нејзинниот крај, но се лажат, тоа е нејзината шанса за нов почеток.
Силата на една држава и народ не се гледа во тоа колку долго стојат на нозе, туку дали ќе успеат да застанат на нив откако ќе паднат.
Ваквиот тест е и пред нас, многу пати сме паѓале и сме се подигале, дали ќе е повторно така зависи само од нас.
Името Македонија ќе биде изгубено кога и последниот Македонец ќе се откаже од него, поточно кога последниот Македонец ќе престане да се бори за неа.
Големите порази всушност самите по себе носат шанса за ново раѓање и издигање, сите маски паднаа на сорабнотници, по што само вистинските борци ќе продолжат да се борат.
Иако малкумина се правите патриоти и родољубци, сепак тие ќе почнат од нула, без никакви товари , лажни генерали и лидери, сами со себе, при што најсилните , најактивните и безтрашливите ќе го водат новниот ОТПОР.
Борбата ќе биде илјада пати потешка од сега, ќе бара многу жртви, до целосно откажување од сите благодети, со цел враќање на Македонија повторно на нозе, прво како татковина, потоа како држава и за крај круна да биде враќањето на светото име.
Колку ќе успееме и дали тоа ќе се случи зависи од многу фактори, но подобро да се обидиме и да изгубиме, отколку цело време да се прашуваме што ќе беше ако се боревме.
ЗА МАКЕДОНИЈА - СЛОБОДА ИЛИ СМРТ !!!!
No comments:
Post a Comment