Friday 22 June 2018

Политичките"лидери"

Еден од главните проблеми со кој се соочува Македонија од својата независност до денес е немањето на лидери, достоинствени и храбри луѓе кои ќе ја повадат Макеоднија по нејзиниот пат до просперитет и успех, притоа без да се погазат нејзините интереси.

Но и за да има таков достоинствен лидер потребен е народ кој ќе се жртвува за државата, народ кој е спремен и да гладува, со цел државата да заздрави, да застане на нозе, а сето тоа потоа ќе биде соодтветно наградено со благодетен и достоинствен живот за идните генерации.

Сепак на жал, Македонецот е паразит кој чека од партиски штабови вработување, спремен е да го погази другиот Македонец ако е од друга политичка партија, но и најмногу од се тој сака да добива благодети од државата без да се жртвува за неа.

Затоа и имаме такви "лидари" , без никакви лидерски способности, без карактер, без никаква идеја како да ја оправат Македонија, контролирани од странски дипломати, притоа засилени со  огромна поддршка од групата на Македонци спомената погоре, што е убиствена комбинација за Македонија.

Тие знаат како да вработуваат неспособни кадри , бидејќи такви лесно ќе ги владеат, а напредните и способни млади Македонци ги истистнуваат и приморуваат да заминат во странство, со што решаваат многу проблеми за нивното владење погубно за Македонија.

Тие не гледат што е важно за Македонија, туку како да ги задоволат УЧК и странските дипломати, кои се нивните богови, овозможувајќи им да ја крадат државата без да имат никаква милост кон неа, измолзувајќи ја до последниот денар.

Имаме лидери за кои интересите на Македонија се стока за продавање на пазар, и колку поскапо ја продадат, толку се посилни во нивното опкружување.

Не е важна државата, важни се партиските списоци да бидат соодтвено реализирани.


Имаме и нов прототип на лидер, неуспешен партиски претседател кој повеќе години не успева да освои повеќе од 10 илјади гласови, кој ја продава својата идеологија и принципи, се со цел да добие кеш од странската држава и од противните на странските дипломати за кој работат претходните двајца лидери.

Нема никаква разлика меѓу него и нив, иако тој во раце држи Македонско и руско знаме, тој во својата програма ветува припојување на Македонија кон Русија  и Евро Азиската Унија, без притоа да се забележат интересите на државата, што Русија навистина сака и.т.н.

Секој лидер што вее знаме на било каков сојуз или држава покрај Македонија е  квази лидер и потенцијален предавник, кој не му се важни интересите на државата, туку неговиот џеб.

До кога ќе имаме вакви политички "лидери" зависи исклучиво само од нас.


No comments:

Post a Comment