И ете лека полека дојдовме до тој ден да конечно спорот со името добие свое решение.
Но дали навистина доби решение, е прашање кое допрва ќе си добие свој одговор.
Решението на спорот со името е Република Северна Македонија, ерга омнес.
Поддржувачите на ова решение тврдат дека има неколку држави со името Северна, па не било проблем, но ете ајде да анализираме како тие држави ги добиле своето име.
Прво одиме со Северна Ирска, прво таква држава официално не постои, бидејќи таа ниту е членка на ООН, ниту има право самата да одлучува за себе, таа е составен дел од Велика Британија и е еденствен дел од островот Ирска која не се ослободи од колонијалната власт на ВБ.
Тој дел од островот е со доминантно протестантско население и така останало верно на Британија, односно Британија го окупира овој дел на Ирска, каде што се водеа битка за негово ослободување и припојување кон матичната Република Ирска.
Потоа одиме со Северна Кореја, оваа држава настанува со тоа што комунистите не можат легално да ја освојат власта на оваа полуостровска држава, па почнуваат граѓанска војна со легитимната власт, при што со поддршка на СССР и Кина, успеваат да создадат комунистичка држава на северот од овој полуостров која граничи со комунистичка Кина.
Втор битен детал, нивното уставно име е Демократска Граѓанска Република Кореја а не Северна Кореја, додека името Северна Кореја се користи за полесно определување и разграничување од Република Кореја или позната како Јужна Кореја.
За крај третиот и последен пример кој не се користи е Северен Кипар, која настанува со окупацијата на турските официални власти на северниот дел на островот, создавајки ја Турска Република Северен Кипар, не призната држава од никого освен Турција, единствена со предзнакот Северна во своето уставно име.
Како што гледате сите држави со преднзакот Северна се под некаков вид на окупација, дали е тоа случајот и со Македонија ?
Друга поголема збунка е англискиот превод на името на државата, дали е тоа Северна Македонија или Северно од Македонија, тоа го оставам на дипломираните на катедрата на англиски јазик, тие треба да ни преведат јасно и гласно.
Идентитетските прашања не ги коментирам, идентитетот се пренесува од колено на колено , а ние одамна го изгубивме тој контиунитет со присилното југословенизирање/србизирање на народот.
Македонија преговараше за име за меѓународна употреба, а сега го менува и уставното име за домашна употреба, со што ги надминуваме рамките на спорот на наша штета, плус што удараме шамар на 190 земји кои не признале под уставното име.
Другите правни пречки се , дали претседателот ќе потпише ваков договор кој не може да биде легитимен без негов потпис.
Дали народот ќе излезе или ќе го бојкотира масовно референдумот, посебно со непрочистениот избирачки список, со бојкот 50 % се научна фантастика.
Дали ќе се изгласа со 2/3 мнозинство во парламентот промената на уставот, со што ќе излезе на видело предавничкиот менталитет на ДПМНЕ.
На крајот ова може да биде само договор кој ќе донесе големи внатрешни проблеми, големо понижување на самата држава, но и почеток на протести во Македонија и во Грција.
No comments:
Post a Comment