Додека во Македонија се трупат низа на скандалозни одлуки, некако најнезабележително помина одлуката за формирање на ЛГБТ(П) група во собранието која ќе се бори за правата на оваа "заедница".
Целта ќе биде спроведување на низа законски регулативи кои ќе ја издигнат оваа "заедница" на пиедесталот на македонското општество, а сите групи и граѓани кои се против ова лудило ќе бидат прогласени за назадни и антидржавни елементи.
Се погласно на тој начин ќе се актуилизира идејата за спроведување на закон во кој ќе се легализираат хомосексуалните бракови, од државни пари да се финансираат хомосексуални манифестации, ЛГБТП маршеви, со кое за век и векови ќе се асимилира и згасне македонската култура и нејзините морални и духовни вредости.
Наместо трошење на државни пари за вакви манифестации, ние се соочуваме со илјадници поголеми проблеми како општество за кое државата не издвојува ниту денар, а кои се неопходни за развојот на македонското општество.
Ова е многу поопасен антимакедонски национален проект, дури и од остранувањето на споменици и промена на името на државата, бидејќи со тоа за век и векови ќе се уништи македонското општество, кое и така е во агонија.
Ваквите потенцијални закони ќе мора да се сечат во корен, за што со сигурно ќе претстои силна борба против македонски парламентраци и групи кои ги поддржуваат ЛГБТП лицата.
No comments:
Post a Comment