Monday 12 February 2018

Соживот

Соживот, еден чуден збор, кој постојано врти по македонските медиуми, за односите помеѓу Македонците и Албанците.
Сепак дали тоа навистина постои во пракса ?

Соживот во суштина претставува живеење на две или повеќе заедници во едно место, каде што тие прават мали отстапки  и прифаќајќи елементи на другата култура, се со цел заедничко разбирање за подобар живот.
Е сега колку во Македонија постои тоа и дали има воља за такво нешто ?

Во Македонија соживотот би требало да се гради помеѓу Македонците и Албанците.

Македонците во сопствена држава им дадоа право на Албанците да го користат својот мајчин јазик, снима серија Наше Маало со кое ги переа мозоците на малите деца дека различностите не прават посилни, имаа разни трибини на чија што основна тема беше како да се учи соживотот, по македонските телевизии одеа емисии за како треба да се почитуваат различностите, Македонците постојано ги осудуваа оние кои извршуваа насилство над Албанци, едноставно со сите свои сили македонските партии и разни организации се вклучија во тоа.

Албанците од друга страна, во општините каде што се главни не воведуваат Македонски (официјален јазик на државата), не снимаа ниту една ТВ емисија за соживот, од мали децата ги облекуваа со УЧК униформи, УЧК маици, ги носат на протести против Македонците, снимат песни со деца во кои ги величат ветераните на УЧК кои убивале македонски војници, оние кои ги организират нападите врз Македонци се на видни позиции во нивното општествено живеење. нивните партии се залагат за оделно живеење.


Заклучокот е повеќе од јасен, за да има соживот потребни се две страни, ако едната сака да гради соживот а другата не сака, тогаш онаа која што сака ќе падне во робство на оние кои се противат на соживотот.



No comments:

Post a Comment