Saturday 3 June 2017

Аугусто Пиноче

Аугусто Хозе Рамон Пиноче Угарте, познат како Аугусто Пиноче бил чилеански армиски генерал, премиер и претседател на Чиле кој власта ја превземал со државен удар на 11 Септември 1973 година.Тој бил началник на Генералштабот на Чилеанската армија (1971-1998), претседател на владата на Чиле (1973-1981) и претседател на Чиле од 1974 до 1990 година.

До почетокот на 1972 година, Пиноче бил општ началник на Генералштабот на Чилеанската армија.На 23 Август 1973 година бил унапреден во главен началник  на Генералштабот на Чилеанската армија од страна на претседателот Салвадор Алјенде.На 11 Септември 1973 година, Пиноче го предводи државниот удар со кој биле соборени претседателот Салвадор Алјенде и социјалистичката влада.Во Декември 1974 година, воената хунта го назначила за свој претседател, меѓутоа воздухопловните сили на генералот Густаво Гузман не се согласиле со тоа.

Под влијание на чилеанските економости познати како Чикашките момчиња, Пиночевиот систем започнал со спроведување на серија на економски реформи, стабилизација на валутата, тарифно кратење, отварање на пазарите на Чиле за глобалната трговија, приватизација на социјална сигурност, приатизација на стотици индустрии кои биле под контрола на државата.Овие политики довеле до Чилеанското економско чудо.Економските политики на Пиноче се продолжени и засилени од власите кои го наследиле во 1990 година, Чиле денес е најстабилна економија во Латинска Америка, благодарејќи на реформите и економската политика на Пиноче.

Пиноче е роден во Валапарисо.Неговиот татко Агусто Пиноче Вера бил потомок на братонски имигранти, а неговата мајка Авелина Угарте Мартинез имала баскиско потекло.Се образувал во Семинаријата Сан Рафеал во Валпрарисо.Институтот Рафаел Артизија во Куљота, Школата Француски Отци во Валпараисо, а во 1931 година сезапишал при военото училиште во Сантјаго.Во 1935 година, по етири години на студии, дипломирал со ранг на alferez потпуручник во пешадијата.

Во Септември 1937 година Пиноче бил назначен во "Chacabuco" во Консепсион.Две години подоцна, во 1939 година, бил унапреден во подполковник и бил преместер во "Maipo" полкот при воениот гранизонот во Валпараисо.Се вратил во пешадиското училиште во 1940 година.

На 30 Јануари 1943 година, тој се оженил Лусија Хариарт Родригез, со која имал пет деца ; Инес Лусија, Марија Вероника, Жаклин Мари, Аугусто Освалдо и Марко Антонио.

Кон крајот на 1945 годин, Пиноче бил назначен во "Carampangue" полкот во сверниот град Икике.Три години подоцна, се запишал во Воената академија, меѓутоа морал да ги одложи своите студии, бидејќи како најмлад официре, морал да изврши мисија во јагленската област Лота.Следната година ги продолжил студиите во Академијата каде го добива чинот офицер началник на Генералштабот, во 1951 година се вратил да предава во воено училиште.Истовремено работел како помошник на помошниците на Академијата, предавајќи воена географија и геополитика.Бил активен како уредник на списанието Cien Aguilas (Сто орли).На почетокот на 1953 година, со ранг мајор, бил испратен во полкот "Rancagua" во Арика.Додека е таму бил назначен за професор на Воената академија и се вратил во Сантјаго да ја превземе новата позиција.

Во 1956 година, Пиноче и група на млади офицери биле избрани да формираат воена мисија која требало да соработува со Воената академија на Еквадор во Кито. Останал во Кито три и пол години и се посветил на проучување на геополитиката, воена географија и разузунување. Кон крајот на 1959 година се вратил во Чиле и бил назначен во Главниот штаб на 1-та армиска дивизија со седиште во Антофагаста. Следната година, бил назначен за командант на полкот "Esmeralda".

Поради постигнатиот успех, бил назначен за заменик директор на Воената академија во 1963 година. Во 1968 година, бил именуван за началникот на штабот на 2-та армиска дивизија, со седиште во Сантјаго, кон крајот на таа година, бил унапреден во бригаден генерал и врховен командант на 6 - та дивизија. Исто така бил назначен за гувернер на провинцијата Тарапака. Во јануари 1971 година, Пиноче бил унапреден во генерал на дивизија и е назначен за главен командант на воениот гарнизон Сантјаго.

Во почетокот на 1972 година, бил назначен за општ началникот на Генералштабот на Чилеанската армија. По зголемените турбуленции во Чиле, генералот Пратс поднел оставка на неговата позиција и Пиноче бил назначен за за Главен Командант на Армијата на 23 август, 1973 година од страна на претседателот Салвадор Алјенде. Помалку од еден месец подоцна, Алјенде бил соборен.

На 11 септември 1973 година на чилеанските вооружените сили (пешадијата, морнарицата, воздушни сили и карбиењерите) ја собориле владата Салвадор Алјенде со државен удар. Претседателската палата La Moneda била бомбардирана, а Алјенде извршил самоубиство.

Во своите мемоари Пиноче, дека тој бил водечкиот заговорник на државниот удар и ја искористил својата позиција, главен началник на Генералштабот, за да ги координираа акциите со другите две гранки на војската и националната полиција. Новата влада затворила илјадници луѓе во националниот стадион Julio Martínez Prádanos, каде што многумина биле убиени, со што започнала бруталната репресија која траела со децении .

Во месеците, што следувале по државниот удар, Хунта, објавила книга под наслов El Libro Blanco del cambio de gobierno en Chile, попозната како El Libro Blanco, подготвена од историчарот Гонзало Флакон и адмиралот Патрицио Карвајал.

Целта на оваа книга е да се оправда државниот удар, со аргументи дека воените офицери дејствувале за да го спречат наводниот обид за државен удар од страна на соборениот Алјенде и неговите приврзаници. Разузнавачките агенции на САД верувеле дека таквите информации се неточни и преставуваат пропаганда . Меѓутоа, иако таквите тврдења се оценети како политичка пропаганда , некои чилеански историчари укажуваат дека приврзаниците на Алјенде имале план за паравоено дејсвување , надвор рамките на уставот. Канадскиот новинар Жан Карпентиер од Télévision de Radio-Canada, бил првиот странски новинар кој го интервјуирал Пиниче по државниот удар.

Членовите на хунтата, првично планирале претседателската функција да ротира помеѓу командантите на четирите воени гранки. Меѓутоа, Пиноче успеал да ја зацврстил својата позиција, најпрво го задржал претседателство над воената хунта, а на 27 јуни 1974 година, себе се прогласил за "Врховен водач на нацијата" (de facto provisional president). На 17 декември 1974 година, официјално ја сменил својата титула во "претседател". Генералот Густаво Гузман, команант на воздухопловните сили, се спротиставил на Пиноче, меѓутоа на 24 јули 1978 година бил принуден да се пензионира, по контрадикторниот Пиночев плебисцит. Тој бил заменет од страна на Генералот Фернандо Maтеј.

На 11 Септември 1980 година, Пиноче организирал референдум. Од Чилеанците било побарано да го ратификуваат новиот Устав, кој требало да го замени стариот, донесен во 1925 година за време на претседателствувањето на Артуро Алесандри. Новиот Устав, делумно изготвен од страна на Џејми Гузман близок советник на Пиноче и иден основач на десничарска партија Независна демократска заедница, давал голема концентрација на моќ во функцијата претседател на Републиката, држана од страна на Пиноче. Биле создадени нови институции, како што е Конститутивниот Трибунал и контроверзниот Националнен совет за безбедност. Претседателскиот мандат со новиот Устав траел 8 години.

Уставот бил одобрен со референдумот со 67,04% - за и 30,19% - против иако опозицијата истакнала дека има бројни нерегуларности. Овие критики биле одбиени од страна на Надзорната комисија, а Уставот бил изгласан на 21 октомври 1980 година и стапил во сила на 11 март 1981 година. Пиноче како претседател на воената хунтата бил заменет на адмиралот Мерино. Новиот устав ја зацврстил моќта на Пиноче, а референдумот ја легегализирал неговата власт.

Во 1973 година, Чилеанската економија била во тешка состојба поради неколку причини: експропријацијаta на 600 бизниси од страна на владата на Алјенде, државниот протекционизам, економските санкции наметнати од страна на Никсоновата администрација, инфлацијата бил 1000%, државата немала девизни резерви, а БДП паѓал .

До средината на 1975 година, Пиночевиот режимим утврдил нова економската политика врз принципите на слободен пазар, а биле предвидени и реформи со кои требало да се запре инфлацијата и колапсот. Пиноче изјавил дека не сакал Чиле да стане нација на пролетери, туку нација на поединци . Во формулирањето на економската политика, Пиночевиот режим бил под влијание на чилеанските економисти познати како Chicago Boys.

Економската политика на Пиночевиот режим се потпирал врз средната класа, на олигархијата, големи странски корпорации, како и странските заеми. Бизнисот обновил поголем дел од изгубените инустрии и земјоделски имоти, хунтата дел од имотите ги вратила на првобитните сопственици кои ги изгубиле при експропријацијата, а дел биле продадени на приватни купувачи. Дошло до проширување на бизнисот и распростравување на шпекулацијата. Спроведувањето на реформите паднале врз грбот на најсиромашното население, платите се намалиле за 8%, семејни надоместоци во 1989 година биле 28% во однос на 1970 година, а буџетите за образование, здравство и домување биле намалени за 20% во просек.

Финансиските конгломерати биле главните корисници на либералната економија и напливот на странските банкарски кредити. Меѓународните кредитни организации како што се Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, а Интер-американската банка за развој повторно почнале да позајмуваат пари. Многу странски мултинационални корпорации како што се ITT, Dow Chemical и Firestone се вратиле во Чиле . Економската политика на Пиночевиот режим довел до значителен раст на БДП, за разлика од негативниот видлив во раните години на неговото владеење. Меѓутоа, надворешниот долг, се зголеми значително за 300% помеѓу 1974 и 1988 година.

Неговата влада спроведува економски политики кој имале три главни цели: економска либерализација, приватизација на државните компании и стабилизирање на инфлацијата. Во 1985 година, владата започнала со втор круг на приватизацијата, зголемување на тарифите и поголема надзор улога на Централната банка. Економската либералзиација продолжила и по смртта на Пиноче.

Пиноче ја напуштил претседателската функција на 11 март 1990 година и ја префрлил власта во рацете на новиот демократски избран претседател, меѓутоа останал главен началник на Генералштабот се до март 1998 година. По напуштањето на оваа должност, Пиноче бил инаугуриран во доживотен сенатор, според Уставот од 1980 година. Како сенатор, Пиноче имал имунитет и заштита од правно дејство. Меѓутоа оваа привилегија имала правна важност само на територијата на Чиле, отука во 1998 година, Пиноче бил уапсен во Велика Британија поради побараната екстрадиција издадена од шпански судија Балтазар Гарсон.

Утрото на 3 декември 2006 година Пиноче претрпел срцев удар, а истиот ден добил последна причест. На 4 декември 2006 година, Апелациониот суд наредил негово ослободување од домашниот притвор. На 10 декември 2006 година во 13:30 по локално време бил однесен во интензивна нега . Тој починал од конгестивна срцева слабост и пулмонален едем , опкружен со членовите на семејството, во Воената болница во 14:15 по локално време.

По реставрацијата на демократијата во Чиле што следеше по Пиноче, чилеанската економија била стабилна, денес земјата се смета за успешна економска приказна во Латинска Америка. Невработеноста во во 2007 година изнесувала 7% , а сиромаштијата се проценува на околу 18,2% за истата година, двете се релативно ниски за регионот . Неговите симпатизери тврдат дека Пиноче го спасил Чиле од комунизмот и го нарекуваат вториот ослободител на земјата. Тие, исто така тврдат дека трите последователни влади, по него, придонеле за економскиот успех на Чиле со одржување и продолжување на Пиночевите реформите. Неговите противници го критикуваат за неолиберална политика и кршење на човечките права. Чилеанското економско чудо е потенцијален модел за постигнување на значителен економски раст .


No comments:

Post a Comment