Friday 6 January 2023

Бадникови поворки

Бадниковите поворки  се најголемото воозобновување на македонските традиции, мелем за душа за секој верник во православната црква, враќање на исконската верба на Македонците во Бог, а најважно од се насочување на младите генерации на исправниот пат во животот.


Самите ние во овие претешки времиња во кои живееме имаме потреба од надеж , а токму Бадниковите поворки ја донесоа таа надеж во срцата и душата на секој верник , дечиња кои заедно во хор го воспеваат Бог, со своите чисти и невини души се сонцето кое силно изгрева над сите нас.


Македонската Православна Црква конечно успева да влезе во животот на најмладите но и на сите нас, таа ја има најзначајната улога за наородот да не залута во погрешни патишта како што беше досега, таа ја има историската улога да го сплотува овој напатен народ во едно, а најмногу радува што конечно таа делува со сите сили меѓу своето стадо, меѓу нејзините верници, борејќи се да ги искорени паганските и други наметнати обичаи и враќање на вистинските македонски православни вредности помеѓу Македонците, а кога тие ќе се вратат, кога ќе бидеме сплотени како едно, дури тогаш Македонците може да ја дигнат својата Македонија на нозе, водејќи ги и учејќи ги најмалите дечиња за црквата, за Христос,  нашата православна црква започнува макотрпен процес и борба против  пороците кои ги завладееа младите и да стави крај на тоа зло.


Дечиња кои го пеат Вечниот Бог, дечиња кои одат заедно сплотени во вербата на православната вера, во заедништво, во духот на македонските исконски традиции кои оживевуваат преку нив , деца кои ги воспеваат моралните, човекови вредности се најголемата радост која може да се добие и почуствува за овие празници, да го исполнат срцето со љубов, душата со радост и гордост, и најважно од се надеж, надежта која толку многу фали во нашите животи.


МАКЕДОНИЈА СЕ РОДИ !!!!!!!!!!!




No comments:

Post a Comment