Wednesday 29 June 2022

Славењето на окупаторот !

Идентитет и историја, гинеме во нивна одбрана, не ги даваме, ама тоа изгледа само на зборови и на социјалните мрежи , додека на дело тоа го нема , таму каде што директно се понижува нашата држава нема никој.


После Валандово каде што поради мојата политичка неактивност не излегов со статија за понижувањето кое беше извршено врз славното ВМРО со славeње на нивниот директен непријател со кој воделе битки, потенцирам ВМРО како организација против српската војска , денес уште еден ист таков преседан во Штип и тоа со целосна поддршка од градоначалник кој е од редовите на партија која се повикува на контиунитетот на ВМРО, која иронија и трагедија.


Интересно е како настаните од Валандовско-удовската акција на ВМРО од страна на српските власти беше претставен како организиран бунт од бугарски бунтовници и крвници кои убивале недолжни српски војници , интересно што ВМРО ја организираа оваа акција исклучиво сами, со дејци кои се со преголема историска тежина, меѓу нив и Христо Делчев братот на Гоце Делчев, епа ако братот на Гоце го карактеризираме како бугарски престапник тогаш зошто воопшто тврдиме дека Гоце е идентитетот ! .


Каде се будните и дејни македонски патриоти, медиуми, да застанат во одбрана на македонскиот идентитет кога тој е директно негиран од страна на Србија, кога славното ВМРО и македонски револуционери се карактеризирани како бугарски престапници, кога истото го прават други дигаме бунтови и револуции по интернет.


Како тоа Македонија ако била поделена по Букурешкиот договор дозволува едниот окупатор да ја слави својата окупација на Македонија , дали има друг пример во светот каде што држава го слави својот окупатор и сопствената окупација заедно со окупаторот и крвиникот против кого се кренати две востанија и еден куп акции, атентат врз кралот од страна на ВМРО која е генот на Македонецот !





No comments:

Post a Comment