Saturday 18 April 2020

МИРОТ БОЖЈИ !

Во овие моменти на тешки испитанија кои се наоѓаат пред сите нас, во времиња кога верата е тема на силни напади од неверниците и безбожниците а најмногу од либералите и нивните разврати, чувањето и практикувањето на верата не е само потреба , туку и одговорност.

Денес над сите верски храмови без разлика за која религија станува збор се врши прогонување со цел на отуѓување на верниците од неа, да се претстави како промотор на негативни влијание во општестово, до степен на нејзино израмнување со злото.

За прв пат во мојот живот на литургија бев изгонет од светиот божји храм како најголем криминалец од страна на полицијата , нешто незамисливо дури ни за Турско и во време на комунизмот, ние како верници бевме прогонети од нашето светилиште без никаква причина, поради нападите и желбите  на гореспоменатите  кои гласно протестираа и ја згазија интимата и правото на вера на сите нас.


Сепак и во вакви моменти верниците на омразата и прогонот одговорија со љубов, го напуштија храмот со горно крената глава, мирно и совесно не дозволувајќи верата и религијата да бидат извалкани од оние кои тоа го очекуваа со нетрпение, но на крај останаа со празни раце.

Секој од нас кој е верник, треба совесно и рационално да ја практикува верата и да не дозволи на безбожниците и властите да ги оцрнат нашите храмови, да тие ни го земаа храмот како наше свето собиралиште каде што го исполнувавме нашиот дух со мир и спокој, но направија фатална грешка, земаа еден храм, но секој верник во својот дом, во своето срце ќе направи храм во кој повторно ќе се воспева името божје, а со помош на модерната технологија и снимаењето на литургиите од Бигорскиот манастир но и останатите цркви/манастири ширум светот, божјиот глас и вистина ќе одѕвонат уште посилно и помоќно како одраз на светата вистина.


Мирот и спокојот кои ги носат вербата, љубовта и разбирањето, свесноста и совеста ни се сега на нашето најголемо исптание, а ние како верници мораме на овој испит да одговориме  со најголема зрелост  и одговорност како кон самите нас, така и кон создателот во кој веруваме  со целото наше срце и битие.

Воскреснувањето Христово е најголемата човекова победа во историјата, победата на смртта со воскресение, чудото кое го остави цел свет во неверица, нека ги исполни нашите домови со спокој, радост, здравје, мир и љубов, нека ги осветли со божјата светлост и сила кои се вечни и непобедливи.


No comments:

Post a Comment