Saturday 17 August 2019

Шахта "национализам" (дебилизам)

Седам овие денови и ја следам сагата наречена шахти и Кутлеш, а колку повеќе ја следам, толку  повеќе длабоко навлегувам во разочарување од тоа колку неосвестени луѓе живеат во Македонија.

Кутлешот како национален симбол нема да го коментирам, но ќе го коментирам однесувањето на оние кои се колнат во него, а го понижуваат и деградираат на најдолен начин.

Националните симболи се светост за секој човек кој има барем еден грам трошка припадност на народот и нацијата на која тој припаѓа, и со самото тоа се  наоѓаат на разни места каде што припадник на еден народ ги покажува со гордост на сите да знаат за тоа.

Е сега од кога шахтите се причина на гордост и место каде што се покажува својата национална припадност не ми е јасно.

Колку знам а нека ме исправите ако грешам, со што ќе ја повлечам својата теза, шахтата е симбол на фекалии, на гомна, на смрдеж, на ѓубре, на се што е гнасно и.т.н.


Епа сега зошто таму покажуваме национална гордост , под националниот симбол да ни минува изметот , се гордееме дека мачиња и кучиња мочат и серат по симболот, дека го газиме кога поминуваме преку улица без дури тоа и да го приметиме ?


Во нормален народ доколку дојде до поставување на свет симбол на такво несоодветно место, ќе се дигне национална револуција и бунт за негово отстранување, а не за негово враќање таму и тој што ги враќа да е херој.

Херој дека го враќа симболот на место каде што се моча и сере ?

Вулгарностите кои ги има текстот се единствен начин на жал да се опише сета беда која ја има овој случај, па да се запрашат тие кои го барат Кутлешот по шахти дали се негови бранители или посерувачи директо на него.

Прстот на чело, размислувајте, дали толку ви е вреден националниот симбол што го поставувате на место каде што се собера изметот, дали тоа е причина за гордост ?

No comments:

Post a Comment