Сепак секој од нас сам одлучува во кој правец ќе тргне, дали кон оној во кој е насочуван уште од самото негово раѓање, пат на лагата и неморалот или ќе одлучи самиот да истражува, да чита, да се надоградува во потрага по вистината.
Дали ќе одлучиш да останеш бомбардиран од лажни учебници, секојдневни тв стории и вести или ќе исчекориш храбро борејќи се против нив, бестрашно уништувајќи ги од корен.
Се зависи од нас, дали ќе oстанеме слепи при очи, глуви при уши , но и дали ќе одиме и спротивно од тоа, ќе ја гледаме голата вистина, ќе слушаме внимателно каква е таа, гласно и тоа многу гласно ќе им збориме на сите за неа.
Ние сме обични смртници со краток животен пат, затоа оваа одлука е круцијална и најзначајна што ќе ја донесеме за нашето битисување, па мораме многу внимателно да размислиме и да ја донесеме правилната одлука.
Допрва кај нас ќе се водат битките за вистината, битките за правда, да го вратиме достоинството во нашето живеење, да престанеме да бидеме робови кои работат за беспари, да престанеме да бидеме мета на крадење од богатите олигарси дур ние едвај сврзуваме крај со крај, а да се бориме за тоа да имаме вреднуван труд, држава во која владеат правдата и законот за сите, држава која ќе оди напред и во која нема да имаме потреба да размислуваме како да избегаме во странство.
Одлуките ќе мора да се донесат брзо и решително, да се влезе храбро и безпоштедно во битката која доаѓа, затоа што дали ќе победиме или ќе изгубиме зависи исклучиво од нас самите.
No comments:
Post a Comment