Во Македонија како што имам пишувано во некој наврати на жал многу пати празноверието се исповедува како вера, а правите верски обичаи се запоставуваат и се плукат , несвесно од страна на "верниците".
Зошто е толку многу значајна верата во нашите животи ?
Верата е една од најзначајните, ако не и најзначајна во некои аспекти од нашето живеење, таа не прави духовно силни и издржливи, ни дава спокој и мир и секогаш кога ќе имаме тешкотии во нашите животи таа е тука да ни даде утеха но и патека по која ќе одиме за да излеземе од бездната каде што сме западнале во нашите животи.
Следејќи ја правата вера и нејзиното чување не прави посилни како личности, ни дава сила и цврстина да се бориме секој ден со препреките со кои се соочуваме во животот, за на крајот од тие битки ние да бидеме победници.
Посетата на духовен храм е место каде што ја извлекуваме цела наша негативна енергија, каде што се полниме со мир и спокој, не ослободува од бесот и гневот кои се главна причина за донесување на негативни одлуки по нас самите во животот, речиси сите погрешни одлуки се носат во ситуација на бес, гнев и завист.
Една од најкарактеристичните карактеристики на верата е постот, многу често луѓето се сметаат за неспособни за пост или имаат страв во текот на постот да не згрешат, но всушност самиот пост е пред се дисциплинирање на духот, во текот на самиот пост како одминуваат деновите верникот се полни со неопишлива позитивна енергија која го води само напред, со исповедта се ослободува од своите духовни товари, а со причеста го добива возвишеното чуство на блискост до Бога.
Всушност за тие што постат знаеме, дека постот не е пред се храната , туку тоа како преку постот се ослободуваме од нештата кои ни тежат а добиваме благодет и мир.
Одејќи достоинствено по патот на верата како нејзин достоен чувар, не прави и посилни политички воини, бидејќи тој што достоинствено ја чува својата вера, достоинствено ги чува и својот дом, татковина, семејство , сакана, челад.
Затоа секој што верува треба најпрвично да се спрема самиот себе а потоа да тргне по патот на верата, достоинствено, со својот духовен отец, кој ќе го води кон тој пат, кој носи само благодети и убавини, изградувајќи карактер и личност на прав и достоинствен човек.
No comments:
Post a Comment