Tuesday 1 May 2018

Скараџиски народ

Македонецот е човек, кој за скара душа дава, скарата му е најважниот сегмент во животот, и не дај боже да му кажеш дека тој и тој ден не треба да прави скара, гадно ќе наебеш.

Напишав веќе за скарата посветена во сред пости за очекувањето на раѓањето на спасителот Исус, а сега е оваа мајската скара ,оваа за  јулијанската нова година ја скокам, таа е сосема небитна.

Е кога ќе му кажеш дека тогаш не се прави скара, дека верата не дозволува јадење месо за време на најстрогите пости, посебно на најстрогиот ден од постот, кога ќе му кажеш дека 1 Мај е комунистичка подвола која се слави или со протест или не се одбележува тој ден воопшто, ауф, како мајката да си му ја фатил и да си му ја заклал пред негови очи.
Тој бес во очи, таа жар која посегнува по тебе со желба дури да те убие, е толку силна, што просто си велиш, да ја имаше оваа жар Македонецот таму кај што треба сите ќе наебаа, ама не таму е кукавица, ма сосема небитно.


Кога само Македонецот би реагирал така болно, така остро, така жестоко против УЧК и политичарите, како што реагира кога ќе го "фатиш" за голтката за алкохол и скара, државата ќе беше сосема поинаква и поразлична од тоа што е денес.


Ни кучето кое се прехранува со месо, да му го скратиш месото нема толку болно да реагира како Македонецот, до тој степен што кучето нема ни да дозволи да му ја погазиш честа за парче месо, како што Македонецот си ја погазува за време на "скараџиските празници", кои само тој ги има у својата глава, со поводи кои немаат апсолутно допирна точка со скарата.


Лесно може да се владее овој народ, само дај му денови за скара, субвенции за месо и ќумур, нека јаде, нека ждере, додека ти мамето му ебеш и го крадеш. Бесплатен совет е ова до нашвие политичари, ако сакат да бидат славени како властодржци, ем да крадат.


Но шала(вистина) на страна, оваа опсесија и болест е причината поради која што ние сме до ова дереџе, до тоа да ја губиме државата и верата.

Наместо да си ја празнува верата, наместо да се бори за своето право, Македонецот бега од двете, и ја чади скарата, јадејќи, пиејќи, глумејќи верник и работник, а не е ниту едното ниту другото.

Зошто сме робови на ќумурот и скарата, толку ли нема денови во годината во која може да се собереш со пријателите и да уживаш во добра скара и пиво, до толку ли нема сенс дека не секој ден и не секој празник е празник кој е посветен на алкохолизирање и јадење до бесвест.

Научени сме биле од оние и овие,дека така треба, да но тие не научиле погрешно и нешто што ни штети, зошто тоа да не го смениме, зошто да не научиме нешто што е корисно и што ќе не унапреди како општество, а со тоа и самите себе, наместо да сме робови на нашите ниски страсти за ќебап и колбас.

Дали немате грам достоинство и гордост во вашето битие кое вели доста правам циркузант од себе, дај кога сакам да бидам верник да бидам достоинствен во тоа, и дај ако веќе сакам да славам некој празник да го славам како што му доликува, а не да му измислувам друго значење.

Дај да ја фрлам скарата на ден, за да се изборам за подобро утре за мене и мојата фамилија, за моите пријатели за мојата државата.

Дај да расчитам со оние кои ме учеле дека Мај е ден за пикник, со оние кои 5 Јануари ден сред пости ме учеле да палам пагански огани, да согледам дека ме учеле погрешно, да ставам крај на тие учења кои од мене направија будала , идиот и роб, да не ги повторуваат овие погрешни учења моите деца и наследници, тие да научат како што треба, како што доликува.

Е доколку го направеше Македонецот ова, во каква просперитетна, силна и достоинствена Македонија ќе живеевме, па дали воопшто ќе требаше воопшто да пишам вакви текстови со ваква соддржина.

Кога еднаш-засекогаш Македонецот ќе ја избере борбата пред неговиот стомак, е тогаш ќе почнеме да градиме и ќе имаме држава.



No comments:

Post a Comment