Thursday 3 May 2018

Политикански коалиции

Одамна ние познато дека ние како Македонија немаме политичка сцена какоо што доликува, со исклучок на некој помали политички организации кои речиси и се незабележителни , меѓу кои и мојата организација од која јас сум дел , Револт.

Но затоа имаме јака политиканска сцена, која ги завзема сите пори на општеството.

За тие што не знаат (доколку ги има) политиканство претставува влез во политичко делување каде што се влегува да се задоволат одредени лични каприци а не да се оствари идеолошко делување и примена на политички вредности кои би го промениле и унапредиле општеството.

Во нивните обвинувања , прес конференции насочени кон нивниот противник, нема реален став, туку само напад кон противникот кој им се испречува кон остварувањето на нивните замислени цели.

Таков  е и случајот  со СДСМ-СПМ, кои цело време се напаѓаа и беа на воена нога, си изнакажаа разни навреди, едните на другите ги прогласија за предавници, другите за криминалци и учесници во режимот кој ја ограбил Македонија, па сетоа тоа се заборави и сега се коалициони партнери.

Ваквото политиканство уште еднаш докажува дека гласањето за големите партии и без активно приклучување на нови политички проекти кои ќе се борат против нив, Македонија ќе биде заглавена во лавиринтот  на политички и бизнис интереси на одредена групација на луѓе, кои немаат ништо замислено за тоа како да ја унапредат и збогатат Македонија, туку како да се унапредат и збогатат самите себе.

Искрено се надевам дека конечно во Македонија ова лето, младата формација на луѓе со здрав памет, идеи и желба за борба, ќе го промени политичкото сивило на нашава политичка сцена и со активност ќе го разбуди македонскиот заспан народ, спасувајќи ја Македонија од политиканските канџи.


No comments:

Post a Comment