Tuesday 1 May 2018

1 Мај

Први Мај сам по себе е празник на работнички права, но всушност е еден празник кој е голема подвала на комунистите , поточно на нивната втора интернационала, искористувајќи протест на работници во Чикаго, да го искористат како плодно тло за нивно идеолошко издигнување и ширање, иако самите тие како идеологија немале никаква поврзаност со протестите на кои се повикуваат.

Така наметнувајќи го овој настан и протест како идеално тло за оправдување на својата меѓукласна борба, всушност тие цела своја идеологија ја изградија на настан кој нема никаква поврзаност со нив, сепак и покрај тоа што се работи за комунистичка подвала, сепак 1 Мај е одбележуван и од страна на националните синдикати, кои се повикуваат на националната борба и работничките права ги гледат како дел од националното издигнување, а не како причина за меѓукласна борба во општеството.

Вакви национални маршеви се оддржуваат во Италија , Германија и други земји.

Тоа што веќе е јасно дека без разлика кои се мотивите за 1 Мај, кога веќе е тој денот за борба за работничките права, тој треба да се искористи за тоа, а воедно и со истакнување на вистинските проблеми со кои се соочува работничката класа како дел од нацијата, да се искорени пропагандната црвена машинерија во нивната злоупотреба на работниците.

Затоа начинот на прослава на 1 Мај, сигурно не е со тони скара или алкохол, но и на жал поради отсуството на национален синдикат, не е ниту на маршевите со кои се дава поддршка на црвените кмери.

Од овие причини многу значајно е конечно организирање на националните сили во Македонија, кои ќе се издигнат на сериозно ниво на организација, ќе формираат национален синдикат и на вистински начин ќе се борат за работничките права како дел од големата борба за силна, здрава и напредна нација.





No comments:

Post a Comment