Monday 9 April 2018

Надоградувај се, читај

Самото наше постоење би било безцелно доколку ние не вложуваме, енергија, труд и желба постојано да се надоградуваме и да се усовршуваме самите себе, а со самото тоа и околината околу нас.
Надоградување на сопствената личност е од големо значење не само за тебе, туку и за твоите пријатели и најмногу од се за општеството во кое што живееш.
За да има постојано надоградување на сосптвената личност едно од најважните нешта е постојаното вложување во интелектот, односно читање на книги.

Е тука се доаѓа до една мала заблуда, не е важно само да читаш книги, многу поважно е што всушност читаш.
Може да прочиташ десет пати повеќе книги од некој пријател, а да бидеш многу поназад од него, бидејќи тој за разлика од тебе кои читаш секакви книги, тој внимателно ги избира најдобрите и најсоодветните книги за интелектуален развој.

Тоа што денес е реалност е дека секој идиот може да напише книга и да ја објави, а да има читаност од огромна популација, како на пример некој "романтични" поети кај нас.
Тие не го надоградуваат интелектот, напротив, го намалуваат, вршат сосема контрапродуктивна дејност за читателите на тие дела.


Затоа е многу важно внимателно да се одбираат книгите кои се читаат, тие да бидат интересни, со содржина која ќе го задржи вашето внимание, но пред се ќе го активира вашиот ум да размислува, да фантазира, да ја впие и со својот разум да биде дел од книгата, а не обичен пасивен читател кој чита книга чисто за да го потроши своето време.

Кога се читат општествени книги, многу е важно да се провери нивната точност, а уште повеќе да те потикне да размислуваш и самиот да пресудиш дали самата книга има вредност,  дали тоа е корисно и применливо во општеството.

Најважно од се е да се внимава какви тие влијанија би имале на општествената средина во која живееш, пред се што би добил а што би изгубил доколку тие постулати би ги применувал лично на себе, а доколку успееш и на ниво на цело општество.


Правиот избор на книга која ќе се чита, ќе го збогатува не само фондот на знаење, туку ќе ја потикнува жедта за поголемо надоградување на личноста, а со самото тоа ќе го запали во себе огнот на револуцијата и постојаната желба да изградиш совршено општество и место за живеење.


Читај, надоградувај ја својата личност и биди корисен за самиот себе и за својата родина.



No comments:

Post a Comment