Основно училиште завршила во Тетово а средно образование во Скопје. Таткото на Мара Бунева - Никола С. Бунев бил пријател на видниот публицист родум од Тетово Матеjа Геров и на д-р Никола Герасимов. Во семејството на Мара Бунева имало шест деца: Борис, Лазар, Мара, Надежда, Вера и Елена. По завршувањето на Првата светска војна Бунева заминува за Бугарија. Завршува високо образование на Софискиот универзитет, по што се мажи за офицерот од Бугарската армија Иван Хранков. Нејзиниот брат Борис Бунев ја привлекува во редовите на ВМРО и таа почнува да ги извршува наредбите на револуционерната организација, како на неколку пати поминува границата со конспиративни задачи.
Во 1927 година се преселува да живее во Скопје.
Завршува курс за шиење и отвора своое студио за кроење каде што работи.
По студентската афера и затворањето на македонските студенти во Скопје членови на ММТРО од страна на српските власти, во 1927 година, Мара Бунева се решава во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година да изврши атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, на кејот на реката Вардар, кај камениот мост во Скопје.
После својот херојски чин Бунева самата си го одзима животот за да не падне во рацете на српскиот окупатор. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.
По извршувањето на атентатот еден српски офицер кој пристигнал прв на местото на нападот ја прашал зошто таа го убила Прелиќ, на што Мара Бунева решително одговорила: „Поради тортурата што им ја нанесе на моите браќа студенти. Затоа што ја сакам својата татковина".
Мара Бунева со својата саможртва е вистински пример за тоа како секој Македонец треба да се бори за својата слобода против тиранинот, хероина која треба да биде почитувана и славена од секој македонскио патриот и националист, чија што борба мора да биде конечно нејзиното дело да го добие заслуженото место како во нашата историја, така и во нашата колективна меморија како Македонци.
ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОИНАТА !

No comments:
Post a Comment