Овој пат е за ЕУ/НАТО и за името на државата.
Македонците не согледувајќи за кого гласат на секој избори во постоењето на независна Македонија, вината за неуспехот на државата и луѓето кои ги гласаат ги барат поради тоа што Македонија не е дел од ЕУ како и поради прашањето на името, односно Грција го кочи напредокот на Македонија.
Токму по овие прашања се јавуваат две дијаментрално спротивни групи на Македонци, едните се за ЕУ и дека ЕУ ќе ни ги реши сите проблеми. Другите дека ЕУ е курва вавилонска која сака да не уништи.
По прашањето за името едните се да се смени за да сме одиле напред, другите се против тоа дека идентитетот ќе ни се загрозил и ќе сме се самоизбришале од историјата.
Сите овие четири теории по овие две прашања се тотални глупости кои немат допирни точки со здрав разум, размислување и логика.
Моите ставови се јасни не во ЕУ и не за промена на името освен ако тоа не е по познатата двојна формула, едно име за меѓународната употреба и Република Македонија за домашна и земјите кои не признале под тоа име.
Сега да се навратам зошто овие ставови на Македонецот се тотална глупост.
Прво ако влеземе во ЕУ и ако го промениме името , се ќе тргнало на подобро, Македонија ќе станала економска велесила, ќе се намалила корупцијата, ќе сме имале поголем прилив на финансиски средства, инвестиции и.т.н.
Апсолутна невистина.Промената на името и влезот во ЕУ нема да го промени фактот дека со Македонија владеат истите политичари кои владеат и денес со Македонија.
Тие нема да се променат , напротив добивајќи шанса да допрат до ЕУ фондовите и ЕУ финансиите наместо да ги инвестират во држани проекти тие ќе ги искрадат уште толку со измами и наместени тендери.
Друга работа со влез во ЕУ ја губиме независноста и повеќе нема да одлучуваме сами за себе, туку дека Брисел ќе одлучува за нас.Како свири Брисел така ќе играме, а многу пати тоа ќе е против нас самите.
Еден приемер кој ми текнува на прва е Словачка која по влезот на ЕУ има забележено многу поголема корупција и политички криминал, отколку што имала пред влезот во ЕУ.
Сега да ги анализираме оние дека со промена на името го губиме идентитетот и ако влеземе во ЕУ ќе станеме посиромашни и победни октколку што сега сме.
Прво Македонците живеа во држава Југославија па не го изгубија идентитетот, што значи апслолутно трескање на невистини.Идентитетот наш го загубивме далечната 1945 а е засилен со турбо фолк пропагандата што ни ја сервираат нашите телевизии секојдневно на нивните програми.
Дека влезот во ЕУ ќе не осиромаши, апсолутно неточно.ЕУ е зло тоа е јасно, но од финансиска гледна точка ЕУ носи огромни поволности доколку политичарите знаат да ги искористат и да ги имплементираат ќе донесат добра економска преродба на Македонија.
Сепак губењето не назависноста и правото сами да донесуваме одлуки може да ни се удри од глава и тој економски раст да не чини скапо.Но земјите од Централна Европа заедно покажаа заби, што може да ни покаже дека доколку имаме сила и обединетост (невозможно за нас Македонците на жал) може и да ги одбиеме тие одлуки, но пак ќе напишам тоа не е возможно за нас за разлика од земјите од Централна Европа.
Кое треба да е чарето ?
Прво оствестување на самите нас , да дознаеме кој навистина сме а не со пропагандните машинерии од комунизмот.
Да имаме чувство на силна поврзаност кон Македонија, да ја сакаме искрено, да даваме се за неа, без да очекуваме за возврат ништо.
На улица да се појавиме секогаш кога политчарите ќе прават ујдурми, спротиставувајќи им се од сам старт со голема масовност.
Гласање за нови политички субјекти кои ќе се формирани од идеалисти (не левичари) кои ќе се борат за идеали а не за профит.
И најдобро можеби да се угледаме на Романија, на нивната јавна обвинителка од тамошното специјално обвинителство која во затвори пикна неколку стотици политичари, ловејќи ги за корупција , криминали, со народ кој стои позади неа во секој момент кога политичарите сакат да ги земат нејзините овластувања.Oвие реформи во Романија дојдоа од самиот народ, без никаква помош од ЕУ.Доказ дека треба сам да се избориш за напредок на својата држава без разлика дали си ЕУ земја или не.
Такви обвинители и тоа како се потребни и кај нас а не смешното СЈО, кое е повеќе делува како комедија отколку како обвинистелство.
Заклучокот е повеќе од јасен, ниту име ниту ЕУ се проблемот поради кој сме таму каде што сме, туку само нашата глупост како народ, идиотизмот кој го имаме, тоа што сме слуги наместо владетели во својот дом.
No comments:
Post a Comment