Она што и е најпотребно на нашата политичка сцена е слога и сложно делување за подобрување на животот на граѓаните кои живеат во Македонија.
И колку според нивното делување на јавната сцена, со постојани кавги и конфликти, сепак за тоа што е најважно за нив а не за државата, нашите политичари се едногласни, со невиден степен на висока слога.
А погодувате за што станува збори нели , па норамално за нивните плати.
Единствени одлуки кои во Македонија едногласно се носат се одлуките за покачување на платите на државните службеници, пратеници и други, кои работат на трошок на буџетот на Република Македонија.
Што е најжално во цела ситуација, место самиот народ да биде свесен за тоа и да го дознае самиот, потребно е да му го каже некој амбасадор, посебно амбасадор кој беше доста плукан овој период.
Да оној амбасадор кој "лошо" и мисли на Македонија, ни ја пренесе веста од која не бевме изненадени а ниту шокирани, дека нашите од ДИК си дале 16 плати за нив.
Плати кои се сон за обичниот Македонец и работник, тие си ги делат како од шала.
Биле под стрес ? Ех, еми стресот што го трпи обичниот наш работник, заслужува 48 плати, а не како нив 16.
И наместо протести пред ДИК, се дур овие не си поднесат оставки и им се забрани било каква политичка дејност во Македонија, ние се задолуваме со тоа што можеби ќе ги вратиле парите за хуманитарни цели.
Во Романија за многу помал скандал, цела Романија се крена на нозе, и ги направи истиве политичари пензионери од политиката.А Македончето молчи, ги нема шарените куртони со нивни анализи.
Се исмеваа на одредена пратеничка, а во првата прилика што ја добија , заедно со неа го крадеа буџетот на државата.
Затоа воопшто нема што да се чудиме како не стрижат како овци, бидејќи Македонецот на жал држава и не заслужува.
No comments:
Post a Comment