Борис Дрангов е роден 3 март 1872 во Скопје, во семејството на Стојан и Ѓурѓа Дрангови.
Татко му е богат трговец со дрвен материјал.Завршува пети клас на егзархиското педагошко училиште со одличен успех.Во 1891 година е примен во Военото училиште во Софија.
Во Лом младиот офицер се запознава со Рајна Денкова Попова - ќерка на Денко Николов Попов кој бил војвода во четата на Дедо Иљо Малешевски.
За време на Илинденско-Преображенскот востание Дрангов ја напушта својата воена служба и заедно со останати офицери заминуваат за Македонија, каде за што собира чета од 120 луѓе кои преку планината Плавица, Кратовско навлегува во Македонија.
На 17 август тој испраќа писмо до сопругата во кое пишува
" Во овој свечен миг, јас, без да се колебам, ја поставувам Татковината повисоко од семејството, неговата доброчестина погоре од нашите лични добра".
Во 1904 година како поручик во 2-от коњанинчки полк е испратен на доосувршување во Николаевската генералштаб академија во Санкт Петербург, Русија, а во меѓувреме на 3 јануари 1905 година е промовиран во чин ротмистар. Во 1907 година завршува академијата со награда и се враќа во Бугарија за да ја продолжи службата во армијата - 6-тиот пешадиски, а потоа во артилериски полк. За кратко време е назначен за професор на Школата за резервни подпоручици во Књажево, а потоа е ескадронен командант во 10-от коњички полк во Шумен. На 4 септември 1910 година е промовиран во чин мајор и е назначен за професор по тактика во Военото училиште во Софија. Во овој период почнува да пишува за воени изданија, претежно во списанието "Народ и армија".
( Илустрација Илинден посветена на Борис Дрангов)
Во Балканските војни (1912-1913) бил началник на штабот на 1-та бригада при 1-та пешадиска дивизија. Спечалил повеќе победи - кај Гечкинли (22 октомври 1912), Чаталџа (17 ноември 1912), Едрене (13 март 1913), Селиолу, Ескиполос и Петра. При освојувањето на Селиолу лична предводел една дружината во напад. За својот хероизам е награден со орден "За храброст" IV степен.
Во Втората балканска воjна се борел со Србите кај врвот Бублјак.
Борис Дрангов (1872-1917), командант на 5-от македонски пешадиски полк, им се обраќа на војниците
Офицери од 11-та пешадиска македонска дивизија, на левата страна од попот e полковникот Борис Дрангов
Поради своите критични статии за воениот министер генерал Иван Фичев и инспекторот на коњаницата генерал Александар Танев е даден под суд. Случајот започнал да се разгледува на 18 февруари 1914 во Пловдивскиот воен суд. На 25 февруари Дрангов е ослободен, но Пловдивскиот воен обвинител на 12 март го доставува обвинението пред Главниот воен суд во Софија. На 16 април случајот против Дрангов бил продолжен. Неговите доброволни бранители биле професор Моллов и о.з. полковник Топалов. Пресудата повторно оправдателна, но Дрангов паѓа во немилост, неговото унапредување се забавува и тој е испратен да служи во голем број градови во покраината.
На 19 февруари 1915 година со наредба, која влегува во сила од 15 февруари е промовиран во чин потполковник. На 2 септември 1915 година со наредба № 420 се формира 11-а пешадиска дивизија - наследник на Македонско-одринското ополчение. Во составот на дивизија влегуваат 1 артилериски и 6 пешадиски полк, а потполковник Дрангов е назначен за началник на 5-от македонски полк.
Во Првата светска војна (1915-1918), како командант на полк, од дивизија, која е составена скоро целосно од необучени Македонци, Дрангов успеал за кратко време да ја претвори во военоспособна борбена единица. Учествувал во борбите при Калиманци, Кочани и Штип. На 25 ноември 1915 година со ноќен напад под негово раководство е освоено Градец. Во февруари-март на 1916 година полкот под негова команда се наоѓал источно од Петрич. Таму по идеја на Дрангов (на земјата на денешното село Дрангово, старо Покровник) во овој период се гради споменик-фонтана на загинатите војници и офицери од 5-от пешадиски македонски полк, на кој е напишан следниот натпис:1916 на паднатите јунаци од 5 от. Македонски полк
Големите жртви на офицерскиот состав на бугарската армијата, допринеле во мај 1916 година да се создаде школа за резервни подпоручици во Скопје. На 15 мај за началник на школата е назначен потполковник Дрангов. Тој ги напуштил редовите на 5-от македонски полк и заминал за својот роден град. На 17 мај школата е свечено отворена и во неа пристапуваат 1053 младинци. Таму Дрангов ги искористил својот авторитет, ораторско мајсторство, отвореноста, чистосрдечността и личниот пример, за да ги спечели младите офицери.
Учениците ги добиле своите чинови на 17 септември, откао успешно завршиле 876 души. На 21 септември 1916 година, откако школата е затворена, Дрангов ја заземал должноста началник на штаб на 1-та пешадиска дивизија и околу 6 месеци е борбените полиња на Добруџа во кампањата против Романија. На 18 март 1917 година ја презема командата на 9-от пешадиски пловдивскиот полк од 2-та пешадиска дивизија. Се бори на Јужниот фронт.
На 26 мај 1917 во артилериски напад, потполковник Дрангов е тешко повреден и вечерта умира. Погребан е во дворот на црквата "Свети Димитар" во Скопје, но подоцна српските власти ги преместиле неговите коски во градското гробишта. На 20 јули 1917 година посмртно е унапреден во чин полковник.
Борис Дрангов покрај своејата воена дејност, многу полагал и на едуцирањето, па така напишал многу статии во весниците „Военен журнал“, списание „Войнишка сбирка“, вестник „Военни известия“, списание „Войн“, весник „Военен глас“, весник „Подофицерска защита“, списание „Свободно мнение“, списание „Народ и армия“, весник „Военна България“ и др.
(Дрангов Лист, весник во еден број целосно посветен на ликот и делото на Борис Дрангов)
Исто така има пишано и книги кои опфаќаат воена тематика :
Подобна програма за обучување на млади војници и редници, Лом, 1898
Јунаци исполнете клетвата, Лом, 1901
Тактика, София, 1912
Походот на Наполеон в Русија, Софија, 1912
Помни војната, Скопје, 1916
Психологија на групата и колективот , 1940
Цитати на Борис Дрангов :
"Животот не се мери по должината, по години, туку по дела, по подвизи"
"Човек е роб на својата воља, но господар на своето дело"
"Прави се силните, живеат достојните, господаруваат побединиците"
Песна посветена на Борис Дрангов :
Гордеј се мајко Македонијо
"Животот не се мери по должината, по години, туку по дела, по подвизи"
"Човек е роб на својата воља, но господар на своето дело"
"Прави се силните, живеат достојните, господаруваат побединиците"
Песна посветена на Борис Дрангов :
Гордеј се мајко Македонијо
со својте синови герои герои герои !
И Ниш и Пирот поминавме
И Ниш и Пирот поминавме
пред нас е Солун трепери !
Французи Англичани бегат,
Французи Англичани бегат,
не чекат нашата ура ,
остават нивните окопи покрити с тељени мрежи !
Победоносно поминавме вардарските долини ...
Со нас е потполковник Дрангов
прочут македонски вожд и тој с револвер в раката командваше напред на НОЖ НА НОЖ НА НОЖ !
И сегде врагот победивме сега се врштаме дома ,
там кајшто наште мајки чекат својте синови ГЕРОИ !!!
там кајшто наште мајки чекат својте синови ГЕРОИ !!!
No comments:
Post a Comment