Железната гарда е фашистичко движење, кое делува во Романија помеѓу двете светски војни.
Организацијата промовирала ултранационализам, фашизам, антикомунизам, антисметизам и посебно го промовирала православието.
Движењето е основано од Корнелие Кодреану 1927 година , под називот Легија Архангел Михаил.Кодреану е лидер на движењето се до неговата смрт во 1938 година.
Членовите на оваа организација се познати под името легионери, па и од таму доаѓа и називот Легионерско движење.Кодреану ја формира Железната гарда како воено крило на Легијата, но набрзо називот Железната гарда ќе се користи и за Легијата.
Самата организација е многу специфична и уникатна во фашистичкото движење, бидејќи за разлика од повеќето останати фашистички организации во тој период, кои ја отфрлале религијата во нивната идеологија, тие не само што го прифатиле православието во својата политичка доктрина, туку завземало и клучно место како темел на самата организација.
Самиот Кодреану бил голем верник и спасот на нацијата го гледал токму во религијата и духовно воскреснување.
Припадниците на движењето носеле зелена униформа и се поздравувале со римскиот поздрав.Симбол на движењето е решкасти крст.Како свои најголеми непријатели ги сметале на Евреите, а во поглед на економијата тие ја промовирале нациолната економија.
Влијанието на Железнта гарда се зголемува за време на голамата депресија (големата светска економска криза) во почетокот на 1930тите.
10 Декември 1933 година , романскиот премиер Јон Дука го забранува делувањето на движењето и покренува прогон на нејзините членови.Меѓутоа тој самиот станува нивна жртва и е убиен на 29 декември.
На парламентарните избори во Романија во 1937 година, Железната гарда е трета партија по сила во Парламентот на Ромнија, со своите 15,5 % освоени гласови, а повеќе гласови од неа освоиле Либералната и Селската партија.
Февруари 1938 година, кралот Карол II извршува државен удар и го распуштува Парламентот.Во април дава наредба за апсење на Кодреану, кој во ноември истата година е удавен во затворот.
По враќањето на парламентаризмот во 1939 година, е период кој ја опфаќа внатрешната борба во Гардата за превласт.На 4 септември 1940 година, Гардата формира сојуз со генералот Јоном Антонеску.По напуштaњето на власта од страна на кралот, Гардата Романија ја прогласува за " Национална легионерска држава".
Нејзиното раководство веднаш спроведува антисемтски закони, со што се врши терор врз Евреите, а имало и политички атентати.
Антонеску по ова се решава за судир со Железната гарда, и во тридневни битки на 24 Јануари 1941 година Антонеску со поддршка на германската војска ја поразува на Железната Гарда, по што членовите на Гардата заминуваат во Германија.
(марш на легијата во Букурешт)
No comments:
Post a Comment