Со подолго чекање од оправдани причини, конечно шанса да го напишам третиот текст од серијалот Национален став, и како Македонците кризираат по тоа поле.
Тема на овој Национален став ќе се бранителите и нивната приказна.
Во 2001 година како што на сите нас ние познато се водеше воен конфликт помеѓу Македонија и ОНА (Ослободителна Народна Армија) или поточно кажано Косово, а индиректно помогнати од Србија (колку и да звучи чудно, на жал тоа е факт).
Војната се водеше долг временски период, и освен во Арачиново и заседите , нашите безбедносни сили ги добија сите битки и фронтови против ОНА.
Колку и денес таа војна да се потенцира како граѓанска, самото име на воената формација покажува дека таа се борела со ослободување а не за граѓански права, но можеби во некој нареден текст, сега не е наменето за тоа.
И иако нашите бранители не одбранија од сепаратистите , терористите и агресорите, тие не успееа на жал да се одбранат од самите себеси и од луѓето кои по воениот конфликт ги одбраа партиите, политиката и нивните ситни интереси над заедничката борба.
Бранителите во Македонија на жал не добија никакви права и привилегии кои ги заслужија со ставањето на сопствениот живот на коцка за одбрана на териотријалниот суверинитет и интегритет на нашата земја.
За разлика од останатите земји каде што бранителите делуваа заедно со оние кои ги бранеле, кај нас бранителите беа оставени сами да се борат за своите права, без никаква поддржа од својот народ, од луѓето кои се од нивен род.
Додека ОНА доби целосна поддршка од нивните поддржувачи добивајќи права кои по ниту една логика на нештата не ги заслужуваат од Република Македонија, припадниците на АРМ и МВР не добија ништо.
Но разликата зошто ОНА за разлика од АРМ и МВР доби права е во фактот што дур нашите бранители маршираа сами, сеператистите маршиаа со сите оние кои ги поддржуваат нивните идеали и цели.
Тука се покажува фактот, немањето на национален став кај нашиот народ, кој е опериран од тоа чувство, за разлика од противникот за кој националниот став е светост.
Друг значаен фактор е што огромен дел од бранителите формираа здруженија по наредба и слугувајќи на партиите, а дел од нив формираа здруженија кои не делуваа заедничко како што делуваат на пример во Хрватска.
Со тоа тие губеа сила , имаа маргинални и бедни протести, со што не беа загрозени политикантите да им удоволат на нивните барања.
Единственото малце посилно и активно здружение во 2011 направи фатална грешка, прераснувајќи во политичка партија, со што се уништи самото себеси и својата моќ.
Не можеа најверојатно да разберат дека нивните членови и покрај нивната борба преку здружението имаат едно нешто што е над тоа, а тоа се нивните партиски штабови (на огромна жал).
Се формираше друго здружение веднаш по тоа Одбранбен ѕид, кое служеше и служи на оние кои ги амнестираа нивните непријатели а ги осудија нивните соборци.Која иронија, но на жал идиотизмот надвладеа.
Луѓето над чии што глави летеа куршуми 2001, дозволија оние кои ги направија нивните непријатели, потенцијални убијци дел од власт, додека од нив направија бедни луѓе од 3 ред ви државата, кои немаат никакви права и се нивни слуги.
Како таквите храбри и достоинствени луѓе си дозволија таков пораз, одговорот е едноставен, немање на национален став.
Колку и да е болно, сепак на жал е вистинито.
No comments:
Post a Comment