Проектот Скопје 2014, а посебно делот околу спомениците сеуште ја бранува македонската јавност.
Најновото е најавената комисија за дислокација на дел од спомениците и музејот на националната борба.
Ова е само уште еден дел од борбата за реваншизам на шарените кои сеуште имат набиено длабоко во себеси комплекс од преродбениците и поразите кои овие до скоро им ги нанесуваа.
Токму во тоа се должи и фактот за отстранување на спомениците.Не е поради оние кои добиле споменици или дали тие се дивоградби или не, туку едноставно на тој начин би им се одмаздиле на предобениците, без да знаат дека нив ги боли увото за тоа, а ќе удрат во сржта на секој горд Македонец.
Дали ќе се отстранат дивоградбите споменици посветени на убијци на македонските бранители, а посебно провокатиниов двоглав орел кој обележвува територија за поделба на Скопје ? Најверојатно не.
Одмаздата кои сакаат да ја нанесат на преродбениците може да ги доведе во ситуација на војна на шарените со голем број на политички слаби и разнишани фракции, кои во таква ситуација би имале голем мотив за нивно обединување.
Најжално е што плукаат по Ќосето без да знаат две работи за неговиот лик и дело.Секој што плука по Ќосето плука по Делчев, Груев и Татарчев, бидејќи Ќосето бил само атентатор кој ги извршувал нивните наредби, а не крволочен убиец како што го претставуваат.
Музејот на националната борба или музејот на ВМРО, е само музеј кој ја прикажува борбата на Македонците за слободна Македонија и со неговото рушење се плука по споменот на илјадници знајни и незнајни јунаци кои се жртвуваа за нашата слобода.
Поентата на сето рушење на спомениците, не е ниту лажна историја, ниту некаква правда, туку само една ОСВЕТА на шарените, со кои покажуваат дека се поголеми груевисти (како сами мулуваат ) и од преродбениците.
No comments:
Post a Comment