Wednesday 1 November 2017

Изборен инженеринг

Двата круга од изборите за локална власт поминаа, а во Македонија добивме речеси иста мапа, со мала промена на бојата на општините, кои од црвени станаа сини.Мал број општини, кои се речеси и незабележителни останаа црвени.

Разни бранители на претходната власт а сегашна опозиција обвинуваат за изборен инженеринг, до ниво на смешни обвинувања за масовно перење на мозокот.

Но што навистина се случи ? Прво македонскиот народ е сончоглед, секогаш на страната на власта, посебно по поставувањето на новиот социјалистички систем во Македонија во 2008 година.Сите помали партии како и членови на ДПМНЕ а во претходните години беа членови на СДСМ  , си се вратија во матичната партија.
Останатите што побрзо се спремаа да го направат трансверот од новата опозициона во новата владеачка партија, претставувајќи се како жртви на теророт, репресија и бруталноста од владеењето на преродбеците.
Државниот апарат  и полицијата, повеќе не беа како во изминатите години во корист на Преродбениците, токму овој пат во корист на Шарените и борците за Живот.

Втор најважен фактор, не средениот двор кај преродбениците, незадовлните нивни членови, следбениците на идеологијата на ВМРО и десната политика кои преку реформаторите изјавија незадоволство и промени од страна на раководството на таа партија.
До тие промени дојде но со луѓе кои нити се идеолошки дел од таквото делување, ниту членови кои се со стаж во партијата, при што самото членство и десни гласачи решија да ги казнат со бојкот, што директно влијаеше за поразите во неколку општини.

И трето и клучно, зошто кога преродбениците беа во пол позиција да победат, бараа одлужување на изборите, и дали всушност тоа е дел од поголемиот пазар, за не одење во затвор и давање на тоталната на власт на довчешраниот лут противник ?

Друг феномен со кој се стретнавме на овие избори главни читачи на говорницата на коалицијата за Живот беа "независните" шарени револционери кои конечно го откријаа своето право лице.

Шарените говорници ги замениа преродбеничките говорници во своите победнички говори со висок тоналитет од говорницата.

Каква беше ситуацијата на терен ?
Прво голем дел од народот се ослободи од притисокот кои го трпеа од преродбениците и решија да ги казнат, а голем дел па се соочија со новиот притисок за Живот во Македонија.
Второ самиот македонски менталитет е да се гласи Против нешто, а не ЗА идеологија и прави промени.Токму овие избори беа гласања против диктаторот (поранешен), а најверојатно ќе го замениме со друг диктатор.
Тоталната власт заминува од едни раце на веќе заситени крадци, во рацете на крвожедни крадци.
Уште еден доказ дека демократијата е утопија.

А големата слика на изборите е иста, буквално.
Опозиционен медиум е АЛФА (и во 2009 и денес) , неодреден но со промена дека е про владин Сител, додека нејзиниот контраст Телма е ептен владина со мали кочници (исто како и Сител 2009), останати глумаат неутрални со скришно навивање на владата Канал 5, за новите постмедиуми од 2009 нема да зборуваме.
Вестите на истите телевизии се буквално реприза на оние од локалните во 2009 кога преродбениците ја земаа тоталната власт.
Присетејте се и обидете се да најдете разлика, таква и нема.

И како тогаш и сега, ден по избори се почнува со апсења, апсења на криминалци кои не се од сопствените редови, строго селективно.

А за крај повторно да се потсетиме и за договорот со кој едните ќе ја предадат целосната власт на другите, со намерно губење во речиси сите општини, без поднесување на оставки и барање на нови избори, избори кои ќе ја донесат  и потврдат тоталната власт на борците за Живот.

Не ја научивме лекцијата, и влегуваме во нова авантура со тотална власт , која најверојатно нема да донесе ништо добро на државата.

На Македонија и е потребна токму таква власт, која ќе биде тоталитарна, но не од политиканти туку од политичари, и не за полнење на своите џебови, туку за градење на силна и просперитетна Македонија.


No comments:

Post a Comment